Денес е Велики четврток: Ако сакате Бог да ви ги прости сите гревови, задолжително направете го ОВА!

Верувања

Македонската православна црква и верниците денес го обележуваат Велики четврток, ден што изобилува со обичаи и верувања

Доаѓа Велигден, а неделата пред овој голем христијански празник е позната како страсна недела, за време на која строго се празнува и се пости.

Според црковните преданија, оваа седмица го добила името „велика“, за тоа што за време на оваа недела Исус Христос направил големи дела. Ја победил смртта, ги прочистил гревовите и го тргнал проклетството од човечкиот род, со што им го отворил патот кон рајот. Името „страсна“ оваа недела го добила бидејќи овие денови молитвите, бдеењата и постот се засилени.

Тајната или Последната вечера и предавството на Јуда

Дента пред да биде распнат, Христос се вратил со учениците во Ерусалим и вечерал заедно со нив. Им дал леб, што го симболизирал неговото тело, и вино, како симбол на неговата крв, со што била установена Светата тајна причеста, која и денес се практикува.

По вечерата им ги измил нозете на апостолите со цел да им покаже ним, а преку нивното ширење на евангелијата и на народот, колку е важно да си служиме едни на други.

За време на вечерата Христос кажал дека еден од нив ќе го предаде, што според Библијата, и се случило. Го предал Јуда Искариотски за 30 сребреника што му ги платил еврејскиот свештеник Кајафа.

Црковни обичаи на Велики четврток

На Велики четврток се служи литургија на Василие Велики. Вечерта се читаат 12 пасуси од Евангелието за Христовото страдање, наменети за болните.

Ѕвоната се врзани да не ѕвонат, бидејќи тие се знак на радост. Ѕвоната повторно се одврзуваат и ѕвонат на Велигден.

Народни обичаи на Велики четврток

Народот верува дека и на најголемите грешници што ќе се причестат на Велики четврток им се простуваат сите гревови.

Додека сите други денови за време на последната недела од велигденскиот пост се постат на вода, на Велики четврток дозволено е да се јаде храна приготвена на масло, како и да се испие малку вино.

Верниците што се придржуваат до правилата на постот, првата и последната недела не јадат дури ни риба, туку друга посна храна, приготвена на вода, без масло.

7 работи што задолжително треба да ги внесете во вашиот дом за Велигден: Носат успех, среќа, плодност и храброст!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.