Денес е есенска рамноденица: Овие 3 работи мора да ги направите дома за да создадете место за нова енергија

Правила на фенг шуи

Фенг шуи открива што треба да исчистите и да исфрлите од дома за време на есенската рамноденица

Денес е есенска рамноденица и енергијата е засилена, па би требало да ја искористите за развој, позитивни промени, трансформација. Имено, според фенг шуи, треба да направите реорганизација во домот, која ќе ви донесе позитивна енергија.

1. Средете го и расчистете го плакарот

Повторно е време да ја тргнете летната облека и да ја замените во плакарот со топла, есенска. Додека ја прегледувате својата облека, одвојте малку време да го расчистите плакарот. Ако шкафот ви е полн, енергетски му велите на универзумот дека немате место за ништо ново. Направете простор за некои неверојатни можности!

2. Сменете ја постелнината

Како што времето станува поладно, така приспособете ја постелнината во согласност со тоа. Есента и зимата подразбираат вадење на јорганите и топлите ќебиња. Дозволете си ткаенина од органски материјали. Исто така, размислете за боите на вашата постелнина. Потоплите земјени бои, како бордо, кафена и портокалова се одлични за поладните месеци.

3. Детално исчистете го фрижидерот

Заедно со облеката што ја носите и креветот во кој спиете, промената на годишната време исто така носи промени и во храната што ја јадете. Ова е време за премин кон потопла, готвена храна и помалку сирова, ладна храна. Гледајте го ова како можност за длабинско чистење и средување на нередот.

Испразнете го фрижидерот и фрлете сѐ што е старо, расипано или со поминат рок. Ако е возможно, компостирајте го органскиот материјал. За чистење на фрижидерот можете да користите природни средства, како што се сода бикарбона, мешавина од оцет вода и етерично масло од евкалиптус.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.