Дали наутро си го местите креветот? Ова открива многу за вашиот карактер

Интересно е да се знае

Психолозите тврдат дека оваа навика може целосно да ви го промени животот

Местењето на креветот по будењето е неизоставна обврска за некои луѓе, додека за некои претставува бесмислено губење време. Најновите истражувања спроведени на 68.000 луѓе покажуваат дека само 27% од луѓето имаат навика да си го местат креветот.

Психолозите тврдат оваа мала навика може целосно да ви го промени животот и откриваат што таа говори за луѓето…

Состојбата на креветот е состојба на умот

Врежано е мислењето дека животниот простор е одраз на состојбата на свеста на човекот, па така и тие што сакаат да имаат наместен кревет, сакаат и да имаат ред во својот живот. Тие што претпочитаат да ја прескокнат оваа навика, добро се снаоѓаат во креативниот хаос.

Ќе се чувствувате корисно

Ако го наместите креветот веднаш штом станете, сте завршиле една задача. Поради тоа што сте го почнале денот работно, можете да бидете горди на себе и ќе продолжите полесно да ги извршувате останатите задачи.

Одраз на среќа и продуктивност

Во споменатото истражување, 71% од луѓето што го местат креветот секое утро, тврдат дека се среќни, бидејќи уживаат во својата работа, редовно вежбаат и повеќе спијат.

Обожаваат контрола

Луѓето кои редовно си го местат креветот по будењето сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само едно делче од сложувалката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.