Четири правила за долговечност

Научно потврдени

Физичката активност, одржувањето на нормална телесна тежина, престанувањето со пушење и умереноста во алкохолот не само што може да ни го зачуваат здравјето туку може и да ни „подарат“ уште неколку години живот.

Научниците дури пресметаа колку дополнителни години може да донесат различни модели на здраво живеење. Во текот на 13 години набљудувале повеќе од 115.000 лица на возраст од 40 до 75 години. Како дел од студијата, развиени се 16 животни профили со различен степен на застапеност на здрави навики.

Се покажало дека профилот што одговара на повеќе години без сериозни заболувања вклучува нормална тежина (индекс на телесна маса до 25) и барем два од другите три фактори.

Авторите на студијата се уверени дека добиените податоци ќе им помогнат на луѓето да ги разберат и да ги реализираат сите придобивки од здравиот начин на живот.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.