Ако постојано ви се случуваат лоши работи, наполнете чаша со овој раствор и оставете ја да стои 24 часа!

Ќе се преродите

water glass

Време е да го прочистите домот од негативна енергија

Постојат бројни техники со кои можете да утврдите дали има негативна енергија во вашиот дом. Наједноставниот начин да го направите тоа е со помош на чаша наполнета со вода.

Што е тоа негативна енергија?

Секој од нас има своја енергија која се задржува на местата каде што престојуваме и на предметите што ги користиме. Нашите домови се места каде што се среќаваат различни енергии, од нас самите, но и од членовите на семејството.

Секој човек што влегува во нашиот дом внесува и одреден вид енергија, а таа може да биде позитивна или негативна. Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши емоции. Доколку мислите дека во вашиот дом е присутна таква енергија, веднаш преземете нешто.

Трик со помош на чаша вода:

Во проѕирна стаклена чаша ставете морска сол (солта би требало да зафати 1/3 од чашата). По солта, во чашата сипете 1/3 ладна вода и 1/3 бел оцет.

Ставете ја чашата во собата во којашто мислите дека се насобрала негативна енергија.

Откако ќе ја поставите чашата, никој не смее да ја допира следните 24 часа. Доколку течноста во чашата е во истата состојба како кога сте ја оставиле, можете да се опуштите, во таа соба не е присутна негативна енергија.

Но доколку забележите меурчиња во чашата или течноста стане матна, очигледно е дека имате некакви проблеми.

Откако течноста во чашата ќе ја апсорбира негативната енергија, фрлете ја течноста во тоалетната школка и пуштете вода. Повторувајте ја постапката секој ден, додека течноста во чашата стане бистра.

Постојат уште два начина како да ја прочистите куќата од негативна енергија:

Запалете жалфија или темјан

Ова е еден од најстарите, најбрзите и најефикасните начини да го прочистите вашиот животен простор од негативна енергија. За да го исчистите домот со жалфија или темјан, треба да ја отворите влезната врата и сите прозорци во куќата. Запалете темјан или жалфија и оставете ги да горат неколку секунди. Потоа, изгасете го пламенот и оставете го да чади некое време. Најдобриот начин да го започнете овој ритуал и да се движите околу собите и да покриете што поголем дел од просторот со чадот.

Истурете малку сол во аглите на домот, на влезот и на прозорците

Сипете морска сол во четирите агла на вашата соба и оставете ја така 48 часа. Ова ќе ја впие негативната енергија на претходните сопственици и негативната енергија на луѓе кои се болни или се во конфликт. По 48 часа, соберете го тоа со правосмукалка или исчистете ја солта и фрлете ја надвор.

Земете три лаврови листа и направете го ова: Проверете дали во вашиот дом има негативна енергија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.