7 начина на кои несвесно ги убивате вашите билки: Ако венеат и се сушат, тоа никогаш не е „без причина“

Совети од искусни цвеќари

Билките не се сушат случајно – дознајте како да ги вратите во живот

Дури и ако им посветувате труд и време на билките, тие може да почнат да венеат, да се сушат и пожолтуваат, а причината најчесто е некој погрешен чекор во одржувањето.

Собните билки се чинат како декор што лесно се одржува, но вистината е дека и најмалите грешки може да имаат сериозни последици по нивниот опстанок.

Многумина мислат дека доволно е само редовното наводнување, но токму тука најчесто настанува проблемот. Имено, билките имаат свои специфични потреби, па така не треба на секоја од нив да ѝ ја овозможите истата количина на светлина, ниту да ја наводнувате на истиот начин и со истото темпо. Затоа, дури и добронамерниот потег понекогаш може повеќе да наштети одошто да помогне.

Ако ви се случува билките да венеат без причина, постои голема веројатност дека правите некоја од вообичаените грешки. За среќа, повеќето од нив лесно може да се поправат кога знаете на што да обрнете внимание.

1. Претерано наводнување

Ова е главната причина за пропаѓањето на билките. Повеќето билки повеќе страдаат од премногу вода одошто од помалку вода. Кога земјата постојано е мокра, коренот нема доволно воздух и почнува да скапува.

2. Премалку влага во воздухот

Греењето и клима-уредите го сушат воздухот, а повеќето собни билки сакаат влажна средина. Сувиот воздух може да доведе до сушење на листовите и слаб раст.

3. Недостиг од светлина

Иако некои билки можат да преживеат во потемни услови, речиси сите напредуваат со природна светлина. Доколку нема доволно светлина, билката не може правилно да се развива, па секогаш водете сметка за идеалната положба на саксиите.

4. Претерано ѓубрење

Повеќе ѓубриво не значи побрз раст. Напротив! Преголемата количина може да го оштети коренот и да ги наруши природните процеси во животот на билката.

5. Изложување на провев или директна топлина

Билките не поднесуваат ненадејни промени на температурата, па ако ви стои преблизу до радијаторот или прозорецот кој често го отворате, многу лесно може брзо да исуши цвеќето.

6. Игнорирање на штетниците

Дури и во затворен простор, инсектите можат да ги нападнат билките до таа мера што почнуваат да им нанесуваат штета. Ако проблемот не се реши навреме, штетниците брзо се размножуваат и ја уништуваат билката.

7. Непресадување

Кога билката ќе ја прерасне саксијата, коренот и збиен и нема доволно простор за развој. Тоа го отежнува впивањето на водата и хранливите материи, што доведува до пропаѓање на билката.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе