7 моќни тајни состојки за беспрекорно чиста облека: Сите дамки ќе исчезнат за миг!

Одлични решенија

Ако ги додадете овие состојки кога ќе перете облека во машина, вашата гардероба ќе биде чиста како солза

Колку пати ви се случило да ја извалкате омилената облека и подоцна да се мачите да ги извадите дамките? Сигурно безброј пати. Без разлика дали станува збор за ваша или детска гардероба, проблемот е ист. Во продолжение ви предлагаме неколку трикови како со некои состојки, што сигурно ги имате во кујната, да ги отстраните сите дамки…

Лимонов сок

Овој трик користете го само за перење бела памучна облека, бидејќи дејствува како избелувач. Отстранувањето дамки со помош на лимон ќе ви ја направи облеката чиста и миризлива.

Можете да додадете лимонов сок во машината за перење во садот каде што инаку ставате прашок за облека.

Ефикасен е и ако директно го сипете врз дамките и го оставите така кратко без триење на ткаенината, па потоа да ја исперете облеката.

Кујнска сол

Солта е ефикасна за перење дамки од крв, сос и маснотии на ткаенината. А како ќе ја користите, зависи од видот нечистотии на ткаенината.

Облеката со дамки од крв треба да се потопи во студена вода, во која сте додале сол.

Доколку имате дамка од маснотии, тогаш ставете сол врз неа, оставете ја солта да ги впие маснотиите, а потоа исчеткајте ја ткаенината пред перење.

Сода бикарбона

Сода бикарбона можете да додадете во перењето за поефикасно да го отстраните непријатниот мирис од облеката.

Содата бикарбона е природна, евтина и сигурна помош за перење алишта. Само сипете половина шолја сода бикарбона во машината за време на циклусот на перење на облеката, па додајте го детергентот што инаку го користите.

Вода за плакнење уста

Овој трик е одличен за перење спортска облека, бидејќи ги уништува бактерии и така ги неутрализира непријатните мирис кои се вовлекле во ткаенината.

Додајте шолја вода за плакнење уста (од оние без шеќер) во редовниот циклус на перење облека или половина шолја во циклусот на плакнење. Освен тоа, водата за плакнење уста е одлична за чистење на бубањот на машината за алишта.

Алкохолен оцет

Ефикасно го отстранува вишокот детергент и другите материи што се собираат во ткаенината по циклусот на перење во машината за алишта. Најдобро е да се користи за време на циклусот на плакнење, што може да се почувствува малку, но тогаш е најефикасен, бидејќи ги отстранува остатоците од потопените материи и детергент кои може да се најдат во водата во циклусите помеѓу перењето и центрифугата.

Сипете 1/2 шолја оцет таму каде што инаку се става омекнувач и тоа непосредно пред последниот циклус на плакнење.

Етерични масла

Етеричните масла можат да бидат ефикасни во борбата против бактерии, мувла и застоеност, доколку сакате да го решите тој проблем без хемикалии.

Додајте неколку капки етерично масло од лаванда или чајно дрво во алкохолен оцет или во детергент и сипете го тоа во машината за перење за да ви биде облеката помиризлива и почиста.

Детергент за миење садови

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии од масло на ткаенината, тогаш користете детергент за миење садови.

Ставете мала капка на дамката пред да ја ставите облеката во машина. Овој трик ќе го зголеми ефектот на детергентот за облека.

8 грешки за време на перење: Не сте ни свесни колку ја уништувате облеката!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.