5 одлики на безвредните и празноглавите жени

Дали препознавте некого?

Кога се однесувате на овој начин, не изгледате подобро, туку бедно

Ова се петте карактеристики што се типични за безвредните и празноглавите жени, кои не се однесуваат само на облеката, туку и на погледите кон светот и однесувањето.

Истакнување брендови без мерка

Ако на вас врескаат имиња од славни модни куќи, не значи дека сте елегантни или дека имате стил. Покрај тоа, носењето исклучиво трендовски парчиња по секоја цена изгледа екстремно смешно и евтино, особено ако немате што друго да понудите. Запомнете дека истакнатото име на брендот на блузата нема да ви донесе почит од околината, туку мислење дека сте искомплексирани.

Ароганција

Во обид да создадат што подобра слика за себе и да се претстават како најдобри и најубави, ваквите жени честопати ги понижуваат другите. Тоа најчесто се согледува во односот со келнерите, продавачите и другите луѓе со кои случајно се среќаваме. Вистинската дама никогаш нема да си го дозволи тоа. Кога понижувате некого, не изгледате подобро, туку бедно.

„Клучот на успехот е во атрактивниот изглед“

Мислењето дека изгледот е единственото и најмоќното женско оружје е потполно погрешно. Но за ваквите жени честопати не постои друг начин. Тоа најчесто се жени кои не излегуваат ни да фрлат ѓубре без шминка и убава облека. Тоа остава впечаток дека не се гордеете со својата природа, туку дека вешто се криете зад маската од тон шминка. Од друга страна, вистинската дама полна со самодоверба не го става изгледот во прв план, туку е свесна дека нејзините образование, знаење, интелигенција и култура се она што ги издвојува од останатите.

Луксуз на кредит

Уште еден знак на празноглава жена е луксузниот живот на кредит и на туѓ грб. Материјалната ситуација не ни дозволува баш секогаш да си го купиме сето она што ни се допаѓа, но на ваквите жените најважно им е да го одржат имиџот на успех и привидно богатство.

Одбирање партнер низ призмата на паричникот

Тие не ги гледаат внатрешните квалитети на мажите, туку внатрешноста на нивниот паричник. Гледаат секогаш да бидат во друштво на некој што може да им обезбеди луксуз, без разлика што не чувствуваат ништо за него. Вистинската жена гледа потполно поинаку на машкиот пол. Таа во партнерот бара другар, поддршка и партнер од кого ќе и’ заигрува срцето.

Пред да се загледате во убава жена, како ви блескав предмет опсипан со дијаманти, запомнете дека зад блескавиот сјај можеби се крие само празнина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.