5 грешки што ве делат од совршен вкус: Никако не правете го ова кога готвите тестенини!

Овде сигурно грешите!

За да направите тестенини со фантастичен вкус, немојте да ги повторувате овие грешки и верувајте дека трудот ќе ви се исплати!

Одлучивте да приготвите комплицирано, но вкусно јадење со тестенини, па затоа главната состојка мора да биде совршена. Тоа значи дека треба да сварите тестенини што ќе имаат совршена текстура! Ова се петте грешки што ве делат од совршениот вкус…

1. Лонецот за варење не е доволно голем

Ако готвите во помал лонец, тоа значи дека ќе ставите помалку вода која брзо ќе зоврие, па и јадењето ќе биде побрзо зготвено. Меѓутоа, на тестенините им треба многу вода и простор за да се сварат рамномерно. Ако ги натрупате во помал лонец, постои голема веројатност дека ќе добиете полу-сварени, лепливи тестенини.

2. Не ја посолувате водата во која се варат тестенините

Сигурно не би печеле пилешко без сол, па затоа ни тестенините не треба да ги третирате поинаку. Ако додадете сол во водата за варење, тестенините ќе впијат малку сол што ќе го подобри нивниот вкус.

3. Додавате масло во водата за варење

Секако дека додавањето масло во водата за варење ќе ги спречи тестенините да се залепат меѓусебно, но запомнете го овој трик. Тестенините мора да бидат барем малку лепливи за да може сосот да се задржи на нив. Во спротивно вашето јадење нема да биде многу вкусно.

4. Се држите до упатствата на пакувањето

Времето на варење што го пишува на пакувањето на тестенините е бројот што отприлика би требало да го следите, но немојте слепо да се придржувате до него. Ако сакате тестенините да бидат меки, варете ги неколку минути повеќе.

5. Ги миете тестенините по варењето

Кога свежо сварените тестенини ќе ги ставите под млаз вода, ќе го измиете лепливиот скроб што го испуштиле за време на варењето. Поради тоа, вашиот вкусен сос нема да се залепи на тестенините како што треба. Наместо тоа, свежо сварените тестенини веднаш ставете ги во сосот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.