3 животни ситуации во кои морате да си ја држите устата затворена: Совет од адвокат!

Животни лекции

Добро е да знаете во кои ситуации молчењето е злато

Овој човек работел како адвокат 14 години, а професионалните техники што ги користел на суд му биле многу корисни и во приватниот живот. Па, така тој научил дека молчењето е злато.

Еве кога треба да си ја држите устата затворена…

Ако победите

„Еднаш ја направив оваа грешка на суд. И беше сурово. Морав да се жалам на петиција и иако сѐ уште не ми беше дојдено времето да се изјаснам пред судот, победата веќе беше во моите раце. Другите адвокати многу се расправаа, докажувајќи го своето гледиште, а судијата се обидуваше да ги смири. А потоа, слушнав нечиј глупав совет да не молчам и да кажам барем нешто, во спротивно би изгледал глупаво. Морав да покажам дека разбирам и дека учествувам во тоа што се случува. Слушав, ја отворив устата и почнав да зборувам. А потоа, сѐ се сврте против мене. Беше сурово. Ова беше мојата прва година откако почнав да работам како адвокат.

Што можам да кажам? Првата година е создадена за тешки лекции. Еден од адвокатите што стоеја пред мене во близина на судијската клупа ми шепна дека морам да си ја држам устата затворена. И беше во право. Па така, ако сѐ оди во ваша корист, подобро е да молчите.“

Ако изгубите

„Мислам на ситуација во која сте изгубиле, а не кога сте почнале да ја губите предноста. Тоа значи дека ако губите, но имате убедлив аргумент што би можел да промени сѐ, задолжително споделете го. Имав таква ситуација. Го изгубив случајот, но судијата сѐ уште немаше удрено со чеканот. Интуицијата ме поттикна да постапам, ја послушав, го изнесов своето гледиште и… го добив случајот!

Ако изгубите и озлогласениот чекан веќе се огласил, замолкнете. Отсекогаш сум верувал дека ако страната што изгубила продолжи да зборува по донесувањето на пресудата, тоа ќе ги направи нештата уште полоши. Да бидам искрен, губењето со смирено достоинство е убедливо.

Имаше моменти кога сум го терал противникот да ми каже цврсто ’не’ за да можам да продолжам понатаму и да не губам време. Ако вашите напори се неуспешни, зошто воопшто да се обидувате? Подобро можете да го потрошите вашето време. Ако ви е кажано ’не’, барем достоинствено заминете.“

Кога не знаете нешто

„Очигледно, ако директно ве прашаат за нешто, морате да одговорите. Ако не можете да одговорите, признајте дека не го знаете одговорот. Нема потреба да измислувате работи, да кажувате нелогични нешта и да се плашите дека ќе изгледате глупаво ако не знаете нешто. Во ред е да не го знаете одговорот ако искрено сте го признале тоа. Немојте да се плашите од вашиот недостиг од знаење.

Не би ви советувал да зборувате само колку да кажете нешто. Не правете го тоа. Звучи непријатно и напорно.“

Што да правите кога не ви се живее, а морате: Совет од психолог!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.