3 работи што не се перат во машина: Ако ја направите оваа грешка, скапо ќе ве чини!

Прочитајте!

Знаеме дека така е полесно, но не се сите работи погодни за перење во машина

Постои цела низа работи што никако не смеат да се перат во машина за алишта. Освен што ќе ги оштетите овие работи, со нивното перење ќе ја уништите и машината.

Внимавајте овие работи никако да не ги ставате во машина за перење алишта!

Гардероба и патики од кожа

Кожената гардероба тешко можеме да ја вратиме во живот и по рачното перење, а ако ја перете во машина за алишта, штетата ќе биде непоправлива. Ќе ја изгуби бојата, формата, па затоа задолжително носете ја на хемиско. Сличното важи и за патиките од кожа.

Кашмир, волна или плиш

Овие нежни ткаенини едноставно не можат да поднесат машинско перење, дури ни на најниска температура. Затоа, потопете ги во леген со млака вода и благ детергент, а по 15 минути исперете ги во ладна вода.

Градници

Колку и да ве мрзи да ги перете градниците рачно, натерајте се да го правите тоа. Ако ги ставите во машина за алишта, ќе се развлечат, а постои можност и жицата од градникот да се извади при перењето.

Во машината за алишта треба да ставате тениско топче, но никогаш обувки: Експерт открива 7 трикови за перење облека!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.