10 начини како да ја употребувате кокосовата вода

Од готвење до нега – водата од кокос е единствена состојка која можете да ја користите на многу начини!

Миење

Кокосовата вода ја користат жените во Индија за миење, затоа што ги чисти лицето и акните, ја смирува мрсната кожа и ја хидрира. При миење, користете свежа, незасладена вода.

Готвење

Користете кокосова вода кога готвите ориз или супа. Оваа вода им дава уникатен вкус на вашите јадења, и слатки и солени.

Ледено кафе

Кокосовата вода е одлична замена за млекото и може да биде основа за ледено кафе. Во чаша еспресо, додадете кокосова вода колку што сакате, со коцки мраз.

Маска за лице

Кога чувствувате дека вашата кожа е уморна, безживотна, освежете ја со следнава маска – измешајте малку сок од лимон, кокосова вода, прстофат цимет, малку јогурт, малку ким, потоа додадете овесна каша по потреба за смесата да не претече. Нанесете на лицето и оставете 5-10 минути.

Подгответе уникатен пијалак – кокос кефир

Направете природен пробиотичен пијалак користејќи кокосова вода и зрна од кефир. Можете да ги најдете во продавниците за здрава храна, тие се многу здрави.

Подгответе уникатно освежување за топлите денови

Можете да направите коцки мраз од вода од кокос и да додадете јастиви цвеќиња или парчиња овошје. Ова е еден начин да се освежите на многу интересен начин!

Направете здрав сладолед

Исечете го свежото овошје и ставете го во калапи со мраз. Истурете кокосова вода и оставете во замрзнувач. Имате освежување, но и закуска.

Желе бомбони од кокосова вода

Желе бонбони што ги сакаат и децата и возрасните! За едноставен рецепт, потребна ви е половина чаша растителен желатин, половина чаша врела вода, половина чаша домашно овошје, една чаша кокосова вода и 2-3 лажици јаворов сируп. Истурете во сад и ставете во фрижидер. Исечете и уживајте.

Одличен прелив за салата

Рецептот е лесен: 1/4 чаша кокосова вода, 2 лажици сок од лимон, 2 лажици маслиново масло, прстофат сол и малку бибер – измешајте и ќе добиете едноставен прелив за салата!

Смеса за „light” палачинки со кокосова вода

Ако сакате новина и сакате палачинки – наместо млеко, ставете кокосова вода… Палачинките ќе имаат полесен вкус и помалку калории.

Прочитајте и: Исфрлете само 300 калории на ден и ќе ги изгубите вишокот килограми!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.