10 минути држете ги нозете потпрени на ѕид: Оваа поза е чудесна!

Без напор!

Доволно е секој ден да издвојувате по само десет минути

Најдете мирно место и издвојте 10 минути што ќе си ги посветите само себеси. Затворете ги очите и одморете се. Ако истовремено разговарате на телефон или читате и пишувате пораки, нема да го постигнете истиот ефект, па затоа тргнете ги сите работи што би можеле да ви го одвлечат вниманието.

Легнете на грб, со бутовите оддалечени од ѕидот 15 до 50 сантиметри. Свиткајте ги нозете во колена и потпрете се со петите на ѕидот. Доколку бедрата се наоѓаат на прав агол во однос на грбот, тогаш задникот е на правилна оддалеченост од ѕидот.

Исправете ги нозете и потпрете се на ѕидот со стапалата. Не свиткувајте ги нозете во колена и опуштете ги.

Ставете перница под главата или грбот. Би требало да ви биде многу удобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете ја едната дланка на стомакот, а другата на срцето.

Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до два, а издишувајте броејќи до четири. Задржете се во оваа положба 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се.

Оваа вежба ќе ве воведе во состојба на медитација иако не сте свесни за тоа. Ќе почувствувате како вашето тело и ум тонат во мир и постигнуваат хармонија.

5 корисни ефекти од оваа вежба:

  • го намалува отокот во нозете
  • го отстранува синдромот на уморни нозе
  • ја подобрува дигестијата
  • го опушта нервниот систем
  • придонесува за психички мир
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.