Во исчекување на резултатите од изборите во САД: Видеото на познатата репортерка стана хит (ВИДЕО)

Кој би рекол дека и во САД на овие претседателски избори броењето на гласовите и прогласувањето на новиот претседател ќе трае… неколку дена! Денес конечно се дозна дека победник е Џо Бајден, додека, пак, Доналд Трамп замина на партија голф, пренесуваат американските медиуми.

Но пред да се дознае победникот, познатата новинарка од телевизиската станица ВНЕП, Челзи Страб ги расположи своите следбеници на Твитер со видео на кое ја пее песната Мараја Кери All I want for Christmas, но со хумористичен текст, изменет во согласност со напорното чекање на резултатите од гласањето.

Секој новинар во моментов“, напишала таа покрај снимката на која се слуша нејзиниот превод на познатата песна, во која пее дека има само една желба, да слушне некои новости за пребројувањето на гласовите.

 

Видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.