Познатиот комичар и јутјубер Даниел Лејбел го воодушеви и го насмеа светот имитирајќи како би изгледале најпознатите личности во Холивуд доколку се сопнат од дрво.
Даниел Лејбел е комичар и јутјубер кој стана познат по своите забавни имитации и хумористични видеа. Неговиот стил се темели на комедијата, така што ги преувеличува секојдневните ситуации, човечките гестови и однесувања.
Често имитира познати личности, спортисти или стереотипи од секојдневниот живот, користејќи невербална комуникација и експресивни изрази на лицето.
Познат е по успешното креирање комични сцени кои ја забавуваат публиката ширум светот со својот хумор и креативност.
Даниел Лејбл направи хумористично видео во кое имитира актери кои се сопнуваат од дрво, преувеличувајќи ги нивните реакции на филмски начин.
Во клипот се појавуваат ликови како Том Круз, Џони Деп, Џон Сина, Мајкл Џексон и други, од кои секој реагира на свој карактеристичен начин.
Како изгледаат неговите урнебесни имитации, погледнете во видеото на крајот од текстот:
Različiti holivudski glumci kada se sapletu. Svaka čast liku, odličan je 👏🏻😂 pic.twitter.com/xK5dneFiaN
— 🔱 𝔅𝔢𝔢𝔩𝔷𝔢𝔟𝔲𝔟 🔱 (@eeevunkump) January 16, 2025