Вељко „уловен“ во неочекувано издание: Тато е уморен (ФОТО)

Поради оваа глетка сите го задеваат

Вељко и Богдана Ражнатовиќ на 3 јуни годинава на свет го донесоа своето прво дете Жељко, кое е воедно и прво внуче на популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Малиот наследник на 12 јули беше крстен, а по тој повод беше организирана и скромна прослава, земајќи предвид дека Србија се соочува со втор бран на епидемијата на коронавурост.

Изгледа дека младиот боксер и новопечен татко му е целосно посветен на одгледувањето на својот син, а доказ за тоа е и фотографијата што ја снимила неговата сопруга, а поради која го задеваат преостанатите членови на семејството.

Кој кого чува тука, не ни е јасно!

Фото: Instagram, ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.