СИТЕ ГО ИМАМЕ ПРЕЖИВЕАНО ОВА: Мајките на плажа нè мачкаат како да подготвуваат фасада за реновирање! (ВИДЕО)

Ако некогаш сте биле на плажа со мајка ви, тогаш добро знаете дека сонцето не е најголемата опасност. Вистинскиот предизвик започнува во моментот кога таа ќе го извади кремот за сончање од торбата.

Во урнебесното видео кое ги насмеа корисниците на социјалните мрежи, совршено е прикажан моментот што го паметат генерации деца – мајката решена по секоја цена да спречи изгореници од сонце.

Нема бегање, нема преговарање и нема „веќе ставив“. Следува темелно мачкање кое повеќе наликува на нанесување заштитен слој на куќа отколку на обично нанесување крем.

Особено внимание добиваат носот, ушите, вратот, рамениците и сите оние делови од телото за кои мајките се убедени дека сигурно ќе изгорат први. Дури и кога мислите дека процедурата е завршена, секогаш следува уште еден слој „за секој случај“.

„Свртете се!“, „Не сум тамам завршила!“, „Ќе изгориш, па после ќе плачеш!“ – се реченици што многумина ги слушнале барем еднаш во животот.

Видеото предизвика лавина реакции бидејќи погоди една универзална вистина: без разлика дали имаме 5, 15 или 35 години, во очите на мајките ние секогаш сме деца кои можат да изгорат на сонце за точно три минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sooshi Mango (@sooshimango)

И додека тогаш ни изгледаше претерано, денес многумина признаваат дека токму тие упорни слоеви крема ги спасиле од болни изгореници и непроспиени летни ноќи.

Затоа, ако ова лето на плажа видите мајка како со сериозност на хирург нанесува половина шише заштитна крема на своето дете, знајте дека не претерува – таа едноставно ја извршува својата најважна летна мисија.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе