Сестрите Беквалац ги открија тајните од детството: „Те сакам, иако си безобразна!“

Јавна расправија на Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сестрите Наташа, Кристина и Драгана Беквалац се многу поврзани, но како и другите сестри, така и тие се расправаат… и тоа на социјалните мрежи!

Најновата „игра на навреди“ ја почна најмладата сестра, стилистката Кристина, која објави фотографија од својата славна сестра, порачувајќи и’:

Многу те сакам, иако си бескрајно безобразна“.

Наташа не и’ остана должна:

Сите фрустрации од детството ги имам исклучиво поради тебе, Бела…“, порача поп-пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

@bekvalceva Jako te volim iako si beskrajno bezobrazna😳

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac) on

„Препукувањето“ продолжи, на радост на нивните многубројни следбеници, кои со задоволство ги следат нивните расправии, дознавајќи тајни од детството…

Ме туркаш во пропаст, Наташа, уште од покривот на амбарот кога те издадов“, откри Кристина, но Наташа не и’ остана должна:

Можеби затоа што ме предаде штом прозборе, иксарко!“

А потоа следуваше типичен сестрински „комплимент“ од Кристина:

Клемпава! Затоа што сум искрена и добра личност.“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.