Репортерот Вил Рив од „Еј-би-си њуз“ се појави без панталони во популарната утринска емисија „Добро утро, Америка“. Имено, Вил се вклучи од својот дом преку видеоповик во студиото во живо и зборуваше за фармацевтските куќи кои користат дронови за достава на лекови.
Во еден момент може да се забележи дека, иако Вил носи сако, кошула и вратоврска,, не носи пантолони, но најсмешниот дел од ова е што тој е сосема несвесен за фактот дека тоа е видливо за гледачите.