Пинк ги покажа резултатите од самопотстрижување во пијана состојба (ВИДЕО)

Како кози да ја брстеле

Поп-пејачката Пинк на своите следбеници на Инстаграм им се „пофали“ со новата фризура, за која самата е виновник.

Во видеото што го објави на инстаграм-профилот, пејачката ја покажа својата нова фризура, која самата ја направила во алкохолизирана состојба, и признала дека за време на изолацијата, пиењето „и’ станало спорт“.

Кога пијам, ми доаѓаат одлични идеи“, започнала пејачката и продолжила: „Така синоќа ми падна напамет дека би можела сама да си ја скратам косата.“

На некои делови од главата, коса воопшто нема, додека на другите има густи прамени, но се чини дека добро се справува со тоа, бидејќи се пошегувала дека мисли дека изгледа „навистина многу добро“.

 

 

View this post on Instagram

 

Quarantine diaries

A post shared by P!NK (@pink) on

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.