Невидено во живо: Водителката остана без столчето – Публиката во шок, мрежите „експлодираа“ (ВИДЕО)

Еден од најсмешните моменти што некогаш се случил за време на телевизиски пренос доаѓа од Колумбија, а во главната улога е храбрaта новинарка Роси Лемос, која стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи поради својот оригинален потег.

Додека ги водела централните вести на телевизијата RCN, столчето неочекувано ѝ исчезнало под неа. Во живо, пред камерите, мебелот се лизнал зад масата, а Роси Лемос останала да „виси“ во празниот простор, непосредно пред објективите.

Но наместо да реагира панично или да ја прекине емисијата, Роси направила нешто што ретко кој би можел – совршено одглумила дека сè уште седи. Со неверојатна присебност, таа само малку ги свиткала колената и продолжила да ги чита вестите како ништо да не се случило, пишува Gazeta Express.

Публиката, се разбира, не можела да поверува кога е објавена снимката. Видеото од моментот кога столчето се лизга наназад беше споделено илјадници пати, а коментарите се движеа од солзи од смеење до аплаузи за нејзиното професионално „покер-лице“.

По завршувањето на емисијата, Лемос и самата се пошегува на социјалните мрежи, признавајќи дека тоа биле „најдолгите неколку секунди во нејзиниот живот“ и дека за малку ќе станела вест во сопствениот дневник.

Едно е сигурно – столчето падна, но Роси стана победничка.

Погледнете:

Видео: Youtube

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе