Марта со урнебесна снимка покажа како би изгледало кога хејтерите би биле силни на зборови во живо, а не само преку тастатурата (ВИДЕО)

Марта Ловиќ е инфлуенсерка која на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат повеќе од 116.000 луѓе. Содржините што ги објавува главно се од забавен карактер, но сепак не поминуваат без негативни коментари.

Иако за сајбер-насилството се зборува повеќе од кога било, луѓето не престануваат да оставаат коментари со омраза под фотографиите и видеата на познати и непознати луѓе.

Меѓутоа, реалноста е нешто поинаква. Малкумина од овие луѓе некогаш се осмелуваат да кажат нешто во нечие лице, што во превод значи дека тие се силни само кога се зад нивните тастатури и нивните екрани. Токму затоа Марта објави видео и на хумористичен начин опиша како би изгледало кога луѓето на улица би го кажале тоа што го пишуваат во коментарите.

Леле, ти си таа инфлуенсерката! Грда си во живо. Фотошопирана си, знаев дека си фотошопирана. Многу си се здебелила. Не те поднесувам, но те следам… Јас и Марија зборуваме за тоа колку си, хм грда, ем глупава, ти си толку досадна кога зборуваш, како тоа одиш во теретана, а твојот задник е толку млитав?“, вели Марија во видеото кое е прегледано повеќе од 398.000 пати.

Нејзиното видео брзо стана вирално и насмеа многу луѓе.

Феноменално!“, „Премногу си духовита, а хејтерите се очајни“, „Ваквите коментари не се ок!“, напишаа луѓето.

Сепак, многумина не ја сфатија поентата на видеото, па ги поддржаа ваквите коментари.

Ова е духовито, но повеќето женски инфлуенсерки навистина се фотошопираат, се претставуваат во поинакво светло, промовирајќи нешто, додека во реалноста е сосема спротивно, па како луѓето да не се шокираат кога ќе ги видат во живо, па да ги избришат лошите коментари… Па во ред е да им кажат во живо, не гледам проблем“, напишала една девојка, а Марта одговорила:

А зошто те засега тоа?

Видео: Инстаграм @mada_faka_maka

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе