Како се однесува вашиот сопруг кон вас зависи од тоа дали сте крава или лавица: Проверете!

Поучна приказна

Кога жената е лавица, мажот се однесува вака…

Ви пренесуваме една интересна приказна, што повеќе личи на виц, но сеедно е поучна…

Лав и бик седат во кафана. На лавот му ѕвони телефонот, жена му го бара:

„Душо, дали наскоро ќе си дојдеш дома?“

„Да, драга, ќе си дојдам набрзо“, вели лавот.

Сето тоа го слуша бикот, па му се потсмева на лавот:

„’Да, драга!’ И ти си бил некаков лав, крал на животните! Тресни со тупаница на маса и кажи: ‘Што ме проверуваш, жено! Ќе дојдам кога сакам!’“

Лавот само се насмевнал и му кажал:

„Можеби ти тоа можеш така да го кажеш, твојата жена е крава, но мојата жена е лавица!“

Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време