Еминем излезе на сцена на доделувањето Оскари: Цел свет плаче од смеење поради реакцијата на Мартин Скорсезе! (ВИДЕО)

Погледнете!

Наместо фокусот да биде на настапот, прешол на реакцијата на славниот режисер

Славниот американски режисер Мартин Скорсезе за малку не заспал за време на настапот на најпопуларниот рапер на планетата, Еминем.

Славниот рапер Маршал Матерс, попознат како Еминем, синоќа на доделувањето Оскар го извел еден од своите најголеми хитови Lose Yourself од 2003 година.

Додека поголемиот дел од публиката се движел во ритамот на светскиот хит, а Еминем правел шоу на сцена, режисерот одлучил дека тоа можеби е најдобриот момент да дремне.

Наместо фокусот да биде на настапот, прешол директно на реакцијата на Скорсезе, која со брзина на светлината се прошири на Интернет.

https://twitter.com/tylerjmeyer/status/1226696324956946432

Видеата и фотографиите ја преплавија социјалната мрежа Твитер, а тие обично се придружени со шегите од типот „Матин Скорсезе се забавува на Еминем“.

Еден корисник на Твитер напишал шеговито дека видеото од реакцијата на Скорсезе на настапот на Еминем е толку добро што следната година ќе освои награда за најдобар краткометражен филм.

https://twitter.com/stevensantos/status/1226695630472404992

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.