13 нешта поради кои мажите се постојано загрижени

Еве што ги мачи

Фото: Getty Images

Дознавме од прва рака! Поточно, од анкетата спроведена меѓу мажите во нашата редакција! И, еве што откривме…

Избор на вино во ресторан. Кога веќе не можеме да нарачаме пиво, тогаш барем можеме да избереме најевтин вид вино!

Нашите брадавици. Тоа што јасно се оцртуваат под маицата не е наша вина. Очигледно дека нивното растење е предизвикано од женските хормони во храната и во водата од чешма. (Никако од нашата склоност кон вкусно залаче.)

Тоа што конечно сфативте дека не знаеме да заковаме шајка или да ви прицврстиме полица на ѕид. Лажевме дека знаеме. Немојте да нè откачите поради тоа!

Тоа што се претворивме во вас, жените. Дали е премногу очигледно колку почнавме да уживаме во шопингот со вас, во кремовите за лице и во женските ТВ-серии?

Страв дека ќе бидеме лоши татковци. Што ако случајно го заборавиме бебето во парк или во кафуле?

За нашите стапала. Дали и вам ви се одбивни исто колку и нам? Особено левото, поради здебелениот нокот на палецот, кој и се лупи.

Поради фактот што носиме фармерки, патики и тренерки во последните 15 години. Кога овој имиџ стана недоличен за еден маж и дали навистина се доближува кон „таа животна доба“?

Нашето интернет-минато. Убедени сме дека го избришавме сиот компромитирачки материјал, но никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен. Затоа секогаш нè облева студена пот кога ќе го позајмиме лаптопот.

Тројката во кревет за која секогаш тврдевме дека ја посакуваме. Искрено, кога навистина би се случила, веројатно би ми било срам, незгодно… па би се смеел ко шлакнат!

Дали нашите черепи имаат смешен облик? А што е со забрзаното ретчење на косата и што би рекле кога целосно би ја избричиле главата и кога би се виделе сите џумки на неа?

Тоа што, и покрај големата љубов кон вас, не би одолеале кога Меган Фокс би ни се фрлила во прегратки. Загрижени сме поради тоа.

Нашиот спермограм. По сите години живот со убедување дека сме вистински пастуви, се прашуваме дали е возможно сега „пливачите“ да ни се удавиле.

Дека еден ден ќе сфатите колку сте посупериорни од нас и дека ќе не прогласите за непотребни. Ако се случи тоа, уште колку ни недостига да бидеме целосно отфрлени?

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.