Жените родени во овие 4 хороскопски знаци се ужасни мајки!

Дали сте меѓу нив?

Нивните деца остануваат лишени од нежност и љубов, а кога ќе пораснат најчесто го прекинуваат контактот со мајката

Како мајчинството и студеноста може да одат едно со друго? Не знаеме како, но често сме сведоци дека тоа е сосема возможно.

Тоа го тврди и астрологијата, особено за жените родени во овие четири хороскопски знаци. Не велиме дека тие не си ги сакаат децата, туку дека нивното мајчинство се заснова на студеност, ригорозна дисциплина и голем недостиг од внимание и нежност, кои на децата и тоа како им требаат.

Мајка Јарец

Бара строга дисциплина. Не се потпира на емоции, ниту пак ви вреднува – ни оние на детето ни своите. Смета дека тие се слабост и не носат ништо добро, додека детето копнее по неа и нејзината топла прегратка. Најважна и’ е логиката, а смета дека нежноста само ќе го расипе детето. Децата на мајките Јарци најчесто се дистанцираат од нив кога ќе пораснат, а многумина го прекинуваат секој контакт, сметајќи ја својата мајка за жена што никогаш не ги сакала.

Мајка Девица

Таа е одговорна мајка која смета дека нејзина должност е да му ги обезбеди основните потреби на детето: готвена храна, чист дом и сосема доволно комфор, но не премногу. Нејзините деца се уредни и пристојни. Мајката Девица сета своја енергија ја насочува кон тоа семејството да изгледа совршено пред околината, но во таа грижа за имиџот заборава дека мајчинската љубов, топлина и нежност се поважни од средената соба и ручекот со три различни јадења. Мајката Девица никако не се согласува со децата доколку се родени во знакот Рак и Риби, па во иднина многу често се караат и целосно се оддалечуваат.

Мајка Лав

Кога жената во знакот Лав ќе се оствари во улогата на мајка, на почетокот се обидува да го скрши сопственото его и целосно да се посвети на грижата за бебето. Но штом тоа порасне доволно и почне да покажува своја волја и желби, се будат егоистот и диктаторот во мајката Лав. На пример, ако ќерката сака да се запише на карате, а мајката Лав сонувала ќерка и’ да биде балерина, тешко дека ќе му се оствари желбата на детето. Децата на мајките Лавови растат во постојана покорност и тешко успеваат кај себе да развијат особини на лидери, особено кога децата се родени во знакот Терезија и Рак, додека децата родени во знакот Овен, Бик и Лав ќе се спротивставуваат и ќе возвраќаат.

Мајка Овен

Таа е одличен пример за своите деца. Наоѓа време и за кариера и за семејство, но сето тоа функционира така, бидејќи мајката Овен поставува строги правила кои сите членови на семејството мора да ги следат. Други ги исполнуваат нејзините обврски, но и каприци, поради што доаѓа до конфликти штом децата родени во знакот Јарец, Лав и Скорпија ќе пораснат малку. Доколку таткото е во знак Бик или Стрелец, тоа е единствениот начин децата на мајката Овен да не останат лишени од љубов и емоции додека пораснат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.