Вака се одмаздуваат жените според хороскопскиот знак!

Еве како му се одмаздувате на партнерот

Овен

Кога се изнервирани од партнерот, Овните најчесто сакаат да покажат дека воопшто не мислат на него и чекаат да видат дали тој ќе работи понапорно за да го придобие нивното внимание.

Тие се полни со самодоверба и знаат дека партнерот ги сака – но, забавно им е да го предизвикуваат и да го натераат да се докаже.

Бик

Мошне се тврдоглави и имаат традиционални сфаќања, па сакаат вистински џентлмени што им отвораат врати и им се јавуваат наместо да им пишат порака.

Кога партнерот ќе ги повреди, тој не треба да очекува дека тие први ќе му пишат порака или ќе го побараат, без разлика на тоа колку го сакаат.

Тие ќе чекаат со денови од партнерот да им се извини за неправдата што им ја нанел и нема да попуштат, а нема ниту да заборават колку долго време му требало за да им се извини.

Близнаци

Познати се по нивното променливо расположение и по тоа што сакаат да играат „топло-ладно“ со партнерот. Еден ден се вљубени до уши, а другиот ден го игнорираат, како да не постои.

Ако партнерот им згреши и ако се сигурни дека сакаат да стават крај, тие веднаш го прават тоа и лесно забораваат дека некогаш постоел.

Дополнително, никогаш нема да му дадат конкретно објаснување на партнерот каде згрешил и ќе очекуваат тој самиот да се сети.

Рак

Ако партнерот им згреши тогаш треба да очекува изливи на емоции, целосно отфрлање и дистанцирање.

Раковите се познати дека имаат променливо расположение, а честопати знаат како да манипулираат со емоциите на партнерот.

По секоја грешка очекуваат партнерот да ја покаже својата непоколеблива лојалност кон нив.

Лав

Кога Лавот ќе реши да влезе во врска најчесто е лојален и верен, но кризите и недоразбирањата во врската може да го натераат да почне да изневерува.

Лавовите не сакаат партнерот да стане премногу комфорен во врската и да престане да ги освојува и да им посветува внимание.

Кога партнерот ќе ги изнервира Лавовите уживаат да покажат дека пред себеси имаат голем број опции и дека бараат целосно внимание, а во екстремни случаи кога не го добиваат тоа што го посакуваат, се одмаздуваат со неверство.

Девица

Познати се како критичари кои постојано се преиспитуваат себеси за сите одлуки што ги донеле.

Кога партнерот ќе ја изнервира, тој од Девицата може да очекува бурна дискусија во која ќе му ги образложи сите аргументи во стилот на „про“ и „контра“, со што најверојатно ќе му зададе и главоболка.

Девиците не сакаат да си поигруваат игри со партнерот и најчесто директно ќе кажат што ги изнервирало.

Терезија

Терезиите не можат да поднесат да бидат сами, тие постојано се во потрага по својата втора половина.

Познато е дека честопати знаат да влезат и во краткотрајни врски и авантури само за да не бидат сами.

Секогаш ќе се обидуваат да воспостават хармонија во врската, па дури и ако ги изнервирате ќе се обидат да најдат решение за проблемот на мирен начин и без многу расправии, но ако партнерот ги премине сите граници, си заминуваат и веднаш започнуваат ново поглавје во животот.

Скорпија

Скорпиите иако делуваат мошне затворено и мистериозно, тие знаат како да му покажат нежност и љубов на партнерот.

Сакаат да се поигруваат и да се шегуваат со него, но не реагираат позитивно кога некој си игра со нив или се шегува на нивна сметка.

Кога се вознемирени од партнерот најчесто се воздржуваат од размена на нежности и сакаат тој да покаже дека го заслужува нивното внимание.

Мошне се внимателни за тоа кому му го подаруваат срцето и нивниот партнер постојано треба да работи напорно за да им покаже дека ја заслужува нивната доверба.

Стрелец

Сакаат да патуваат, да уживаат во нови авантури и не сакаат да се врзат, ако влезат во сериозна врска тогаш најверојатно тоа ќе биде со некоја личност што може да го сфати нивниот начин на живот.

Ако партнерот ги изнервира, Стрелците мошне често се исклучуваат и нема ниту да одговорат на неговите повици сѐ додека не почувствуваат дека дошло вистинското време да му простат, ако воопшто одлучат да го направат тоа.

Јарец

Никогаш намерно нема да си поигруваат или да му се одмаздуваат на партнерот – сметаат дека имаат голем број други обврски па за нив е сосема нормално да ви одговорат на пораката подоцна или во целост да заборават да го сторат тоа.

Ако партнерот ги изнервира, тие јасно ќе му стават до знаење дека тој не им е приоритет и дека најважна им е кариерата или личниот живот.

Ако побарате објаснување, ќе ви кажат дека е сосема нормално и треба да очекувате дека за нив кариерата секогаш е поважна од љубовната врска.

Водолија

Кога му се лути, партнерот на Водолиите може да си помисли дека тие со него си поигруваат, а всушност овие емотивни знаци најчесто имаат потреба да побегнат од сѐ, да се сконцентрираат и да дишат.

Не можат да поднесат да бидат со некого кој постојано има потреба од нив, затоа што сметаат дека тоа ја ограничува нивната независност.

Понекогаш може да се случи целосно да исчезнат, но тоа не го прават намерно, туку нивниот партнер треба да сфати дека тие се такви по карактер.

Риби

Тие имаат силна интуиција и знаат добро да ги прочитаат намерите на другите луѓе. Најчесто се алтруисти што прават сѐ за да им помогнат на другите луѓе, а себе си се занемаруваат.

За разлика од другите хороскопски знаци, ако дојде до недоразбирање во врската, Рибите најчесто ќе почнат да флертуваат и ќе го искористат шармот за да му покажат на партнерот дека тие се вистинската личност за него.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.