Тие никогаш нема да ви кажат „те сакам“: Мажите родени во овие хороскопски знаци никогаш не покажуваат емоции!

Астрологија

Тие се емоционално недостапни, велат астролозите

Те сакам. Едноставна и кратка реченица, но толку моќна. Не можеме сите лесно да ја изговориме, но сите сакаме да ја чуеме. Астролозите велат дека мажите родени во овие хороскопски знаци најтешко ја изговараат. Тие речиси никогаш не покажуваат емоции…

Близнаци

На овој знак му треба многу време да се препушти на новата врска, а особено отворено и искрено да ги изрази своите емоции. Близнаците кажуваат „те сакам“ само кога се сигурни во своите емоции, а за тоа треба да помине многу време. Тие не ги сфаќаат овие зборови несериозно.

Девица

Припадниците на овој знак во себе носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучувајќи ја и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите емоции. Ќе се воздржат од изјавувањето љубов сè до моментот кога ќе бидат 100 отсто сигурни во своите чувства. Ако ги слушнете овие два збора од Девица, знајте дека навистина се искрени.

Скорпија

Скорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За нив важи правилото да останат покрај партнерот во добро и во зло. Меѓутоа, иако се посветени на љубовниот однос уште од самиот почеток, ќе изговорат „те сакам“ дури откако бидат 100 отсто сигурни дека врската е сериозна и цврста, бидејќи не сакаат предвреме да покажат ранливост или да бидат повредени.

Водолија

На припадниците на овој знак им треба многу простор и слобода во врската. Честопати претпочитаат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов, бидејќи сметаат дека така ќе си создадат обврски за кои не се подготвени. Подготвени се да ја жртвуваат својата слобода само за личноста која ќе им дозволи да бидат тоа што се. Дури тогаш целосно се отвораат емоционално, во целост ѝ се предаваат на врската и кажуваат „те сакам“.

Хороскопски двојки што совршено си одговараат, но само на хартија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.