Тешки на зборови: Од овие хороскопски знаци никогаш нема да чуете „те сакам“!

Астролозите откриваат

Ним зборовите ништо не им значат, тие ја покажуваат љубовта на потполно поинаков начин

На прв поглед изгледаат ладни и недостапни. Меѓутоа, изгледот може да излаже, а таков е случајот со овие знаци. Иако многу ретко ги изговараат овие два збора, тоа не значи дека немаат емоции кон вас, туку дека се многу затворени по природа.

Јарец

Ладни и арогантни, таков впечаток добиваат сите што ќе запознаат припадник на знакот Јарец. На прв поглед изгледа како да немаат поим за романтика, меѓутоа кога ќе останат сами со саканата личност, ситуацијата се менува. Знаат со гестови и подароци да покажат наклоност, но им треба многу време да се отворат и да кажат „те сакам“. Иако го чувствуваат тоа, ретко ги изговараат на глас најдлабоките емоции. Доколку сте во врска со Јарец, ќе ви требаат челични нерви и многу трпение за да ги чуете тие зборови.

Лав

И по многу години поминати со некоја личност, на Лавовите им е тешко целосно да се препуштат и да ја покажат својата романтична и ранлива страна. Тие сакаат да имаат авторитет и да оставаат впечаток на силни личности, па затоа ретко ги покажуваат своите емоции. Лавот ќе направи се’ за вас, но ќе почекате додека да чуете љубовна изјава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.