Својата кармичка љубов во наредните 20 дена ќе ја доживеат овие знаци!

Најсреќните во зодијакот се токму ТИЕ

Мај е месец на пролетта, сонцето, песната и љубовта. Постои нешто магично во овој месец што прави да се чувствуваме добро, енергично и полни со ентузијазам. На почетокот на месецот, Венера ќе биде во секстил со Плутон што ќе нè поттикне да ги подобриме односите или да почнеме да го бараме она што навистина го заслужуваме.

Единственото нешто што може да ги расипе плановите е ретроградниот Меркур. Но, не мора да биде толку лошо со оглед на тоа дека тој нè соочува со вистината и ни помага да научиме одредени лекции.

Според астролозите, на овие 3 хороскопски знаци ќе се сретнат со личноста која им е судена и тоа во следниот период.

Бик

Сонцето е во вашиот знак, а овој месец ќе ве изненади со оглед на тоа дека ќе имате среќа, особено на љубовен план. Ќе се забавувате, ќе патувате и ќе фантазирате. Доколку досега работевте на себе и на личниот развој, сега ве чекаат плодовите од оваа работа. Со други зборови, ќе остварите контакт со некој кој ќе ве прифати онакви какви што сте и ова познанство ќе прерасне во нешто подлабоко.

Близнаци

Се сомневавте во поглед на тоа дека ѕвездите можат да ви пружат романтична среќа, но, сепак, постои голема веројатност дека во мај љубовта ќе тропне на вашата врата. Посебна личност ќе стане дел од вашиот живот со што вашите стравови и сомнежи ќе исчезнат. Освен тоа, љубовта ќе ви ја зголеми и самодовербата.

Рак

Иако уживате во сопственото друштво и си го креирате животот онака како што посакувате, сепак ви недостига љубов. Она што никогаш не сте помислиле дека е можно, ќе се оствари во мај. Постои личност во вашиот живот која ви е лојална, блиска, но никогаш не сте ја погледнале од аспект на љубовта. Сега ќе се чувствувате подобро бидејќи знаете дека е со вас и дека сака да ви пружи вистинска, искрена љубов.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.