Судбината на жената зависи од месецот во кој е родена: Храбрите се раѓаат во април, скромните во јули!

Верувале или не

Фото: Getty Images

Дали верувате дека вашата судбина е одредена од датумот на раѓање?

Врз карактерот и судбината на жената влијае и месецот на раѓање…

Јануари

Во јануари се раѓаат најупорните жени. Никогаш не се жалат и не претеруваат. Овие жени сите проблеми ги решаваат сами – достоинствено и независно. Јануарските жени се обидуваат да не трошат време на чистење и одржување на домот, но имаат талент за готвење.

Февруари

Жените родени во февруари се истрајни, тврдоглави, чувствителни и способни да го освојат светот. Имаат прилично тежок карактер. И покрај повремените испади, познати се по своето прилично високо ниво на самоконтрола. Не се плашат од предизвици, секогаш брзо донесуваат одлуки и не сакаат долго да размислуваат за проблемите. Одлично манипулираат со луѓето, па честопати имаат одлична кариера. Тие едноставно обожаваат деца.

Март

Чувствителни и ранливи. Знаат да бидат тврдоглави и тоа скапи ги чини на крајот. Можат да страдаат и да се чувствуваат несреќно до крајни граници. Поради скромноста, тешко им е да постигнат успех. Природата им подарила посебна нежност и шарм, поради што им изгледаат привлечно на мажите.

Април

Април е познат по смелите, жилави и одлучни жени. Тие имаат памет, но и одлучност. Секогаш знаат што им треба и брзо ги постигнуваат целите. Со сите сили се трудат да одбегнат нестабилност. Чувствата им се на второ место. Разумот е она што доминира кај нив.

Мај

Тоа се жени кои се независни, напорни, бескомпромисни и одлучни. Долго им треба да простат, но затоа никогаш не забораваат. Во мај се раѓаат жени лидери, па често се на водечки позиции во фирмите. Многу им е тешко да најдат сопруг. Нивен приоритет се парите.

Јуни

Тоа се внимателни жени. Честопати се ранливи и несигурни, но пред сè добри. Тие никогаш не реагираат лошо на лошото. Не толерираат караници и се обидуваат да одбегнат конфликти. Сè ќе направат за мир во куќата.

Јули

Срамежливи жени се родени во јули. Често се загрижени и поминуваат многу време во преиспитување. Нивниот живот зависи од моменталното расположение. Тие се скромни, романтични, способни да доживеат длабоки емоции, кои внимателно ги кријат. Во животот најважно им е семејството и домот.

Август

Горди и независни. Покрај добрината и благородноста, ги мачи жед за моќ. Обожаваат да добиваат внимание од други луѓе. Неверојатно се харизматични и ги негуваат семејните односи. Искрени се и пристојни, но често се жртви на измами.

Септември

Емотивни и темпераментни. Се одликуваат со борбеност. Исклучително се себични и по малку скржави, па може да им биде тешко да потрошат пари. Сакаат да работат во компании. Често се љубоморни. Знаат да готват и многу се уредни.

Октомври

Во овој месец се раѓаат опуштени, одговорни и интелигентни жени. Тие се умерено практични и истовремено спонтани. Секоја одлука ја донесуваат со големо внимание. Имаат добро памтење. Се придржуваат до принципите и не можат да простат неверство, иако секогаш ги вложуваат сите напори за да го спасат семејството, во кое заземаат водечка позиција.

Ноември

Познати се по својата претпазливост и себичност. Тие се силни личности со моќна интуиција и нивните партнери мораат да го прифатат фактот дека нивното мислење ќе биде изигнорирано. Штедливи се. Имаат страстен темперамент. Љубовта им е силна и длабока.

Декември

Во декември се раѓаат емотивни жени со експлозивен карактер. Упорноста, бестрашноста, независноста и непосредноста се нивните карактеристики. Секогаш успеваат да ги совладаат сите препреки. Овие дами се многу дружељубиви, романтични, идеалистични и добри пријателки. Од некоја причина, постојано имаат проблеми во семејството.

Важно е во колку часот сте дошле на овој свет: Времето во кое сте родени открива сè за вашиот карактер и особини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.