Сопруги за сите времиња: Секој би се оженил со жените родени во овие хороскопски знаци

Астро-партнерки

Во продолжение прочитајте кои жени од зодијакот се најверни и најдобри брачни партнерки

Во денешно време кога се’ повеќе бракови се распаѓаат, вистинска среќа е да се најде личност со која ќе можеме да изградиме се’. Жените родени во овие три хороскопски знака важат за најдобри партнерки во чие друштво ужива секој маж…

Рак

Жените родени овој хороскопски знак ги сакаат своите партнери до болка, тие не знаат за половична љубов. Љубовта на партнерот им е важна во секој момент и се’ ќе направат за него.

Понекогаш непотребно драматизираат за неважни работи, но тоа не е ништо во споредба со љубовта што сакаат да ја дадат. Ги привлекува топол семеен дом во кој важна улога има и добрата храна.

Таа е одлична готвачка и посебно ужива да им готви на саканите. Таа е посветена мајка на која децата секогаш и’ се на прво место, а од мажите од нејзиниот живот очекува само љубов и искреност.

Овен

Жената Овен е силна, самосвесна и храбра жена. Нејзината бестрашност и темпераментност ги воодушевуваат мажите. Секогаш е подготвена на компромис, многу дава, но и многу очекува од партнерот. Покрај неа, тој честопати станува поодговорен и благодарение на нејзината поддршка се чувствува способен да оствари се’ што ќе замисли.

Стои цврсто на земја, реална е во љубовта и тешко е да се освои. Мажите на кои ќе им успее тоа, може да бидат сигурни дека е вљубена во нив. Како мајка е строга, а благодарение на нејзините воспитни методи, децата стануваат победници и лидери. Од партнерот очекува силен карактер и одлучност.

Лав

Гордата и страсна жена родена во знакот Лав покрај себе бара партнер кој во се’ ќе може да и ‘ парира, а најмногу бара таков што ќе биде силен како неа. Поседува вроден шарм, па не мора да се труди многу околу освојувањето на партнерот. Можеби понекогаш е фокусирана сама на себе, но таа е пред се’ лојална жена која несебично сака. Ќе се бори за себе и за партнерот како  вистинска лавица, а подеднакво заштитнички настроена ќе биде и кон своите деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.