Секс и хороскоп: Што ве возбудува според вашиот хороскопски знак?

Дали се согласувате?

Близнаците се разиграни, а Јарците се конзервативни, а дали е така и во креветот?

Либидото е сосема индивидуална работа, утврдена од бројни фактори – околината, воспитувањето, психолошката состојба, менструалниот циклус, дали сте заљубени или не, а астролозите ќе речат дека е напишано во ѕвездите.

Некои знаци како Шкорпија се повеќе склони кон секс, додека за други сексуалната желба ќе се разбуди кога ќе ги задоволат другите примарни потреби. Откријте подолу како одреден хороскопски знак сексуално се возбудува и каков е неговиот апетит во креветот.

Овен

Со Овен управува Марс, кој владее и со сексуалниот нагон. Овен сака да заведува и ужива во сексот скоро онолку колку што и се претставува на личноста што ја заведува. Се разбира, ако таа друга личност „падне” на неговиот шарм. Ако сте родени во знакот на Овен, голема е веројатноста дека сексот е на прво место во една врска и доколку партнерот не ви одговора на тоа поле, тешко дека ќе останете со него. Вие сте огнени, отворени за нови искуства и директни.

Бик

Сензуалниот Бик сака физички допир и задоволство од секаков вид повеќе од било што, па затоа не изненадува што тие се на самиот врв кога станува збор за либидото на хороскопските знаци. Ако сте Бик, кога станува збор за секс, вие целосно му се посветувате затоа што тој е големо задоволство за вас и ќе дадете сѐ од себе за да уживате и вие и вашиот партнер. Вие исто така сте романтични.

Близнаци

На Близнаците им треба малку повеќе за да се „загреат“. Ако сте Близнаци, повеќе од физички изглед, ќе бидете возбудени од одличната комуникација со партнерот, интелект и многу, многу смеа, а кога имате секс, сакате сè, освен предвидливото и обичното. Близнаците ја сакаат играта, но само еден погрешен потег и нивното либидо паѓа во еден момент. Така е, зарем не?

Рак

Членовите на овој знак за секс бараат многу повеќе од физичко соединување. Ако сте Рак во хороскоп, за вас сексуалниот однос мора да биде длабок, значаен и негуван. За навистина да уживаат во сексот, тие мора да имаат целосна доверба во партнерот, и е потребно време да се изгради таа доверба. Ракот не брза да има секс.

Овие знаци ќе бидат апсолутни победници во август: Сè ќе им оди од рака!

Лав

Либидото на Лавот целосно зависи од другата личност. Ако најде некој што ќе го третира како крал или кралица, за што Лавот смета дека е, таа личност ќе предизвика огромна сексуална желба во него. Но, ако тој не го привлече вниманието што го сака, ќе биде ладен. Нивниот сексуален нагон исчезнува за момент. Веројатно сте се забележале себеси, ако сте Лав, дека не ве возбудуваат премногу момци кои не ви посветуваат доволно внимание.

Девица

Девиците се познати авантуристи во креветот и тоа е единственото место каде членовите на овој хороскопски знак можат целосно да се релаксираат. Единствениот проблем е да ги одведете во кревет. Ако сте Девица, барате партнер кој ќе ве ослободи од оковите на самоконтрола и на кого можете доволно да му верувате за да му се предадете.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.