Самокритични до болка: Овие 3 хороскопски знаци никогаш не се задоволни од себе!

За се’ се обвинуваат себеси!

ФОТО: Thinkstock

Доколку и вашиот хороскопски знак е меѓу нив, немојте да се осудувате поради тоа, туку запомнете дека никој не е совршен

Некои луѓе по природа се многу опуштени и не си создаваат никакво притисок, додека некои се премногу самокритични.

Припадниците на овие хороскопски знаци се многу строги кон себе. Секогаш се споредуваат со другите и од тоа го извлекуваат најлошото за себе.

Рак

Овој хороскопски знак знае да изгуби доста време во размислување за тоа дека можел поинаку да постапи во одредени ситуации и што и да направи, мисли дека можел подобро.

Премногу се грижи за своите килограми, па честопати си го нарушува ритамот и начинот на исхрана. Иако не верува во диети, секогаш смислува некаков начин за да изгуби по некој килограм. Не се грижи за мислењето на другите луѓе, но затоа често се осудува самиот себеси.

Риби

Рибите би биле најсреќни кога се’  би им одело како подмачкано, а кога нема да се случи тоа, вината ја префрлаат на себе, секогаш кога нешто во животот ќе им тргне наопаку.

Знаат и да се самосожалуваат и да се жалат во друштво на други луѓе. Тоа им произлегува од потребата постојано да се осудуваат себеси и другите. Попрво ќе опростат нечија туѓа грешка одошто самите на себе.

Девица

Станува збор за хороскопски знак кој со себе носи товар на вина, без разлика што направил. Девиците се осудуваат самите себеси, не затоа што мислат дека се лоши личности, туку затоа што сметаат дека постапиле погрешно.

Строги се и кон другите. Ако заклучат дека згрешиле нешто, ќе почнат да се самосожалуваат и во тишина да си ги лекуваат раните.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.