Ретроградниот Меркур ќе ги врати поранешните љубови во животот на овие три хороскопски знаци, подготвени сте да се соочите со „духовите“ од минатото?

Предупредување за можна драма

Фото: Pexels

Ретроградниот Меркур, кој завршува на 2 октомври, е главно астрлошко предупредување за драма со бившите (љубовници, пријатели, па дури и соработници). Тоа не значи дека секој бивши ќе почне да се враќа во вашиот живот, но во овој период повторно се активираат некои поглавја кои никогаш не сте ги затвориле целосно, што особено ќе ги погоди родените во знакот Овен, Шкорпија и Риби.

Овен
Ретроградниот Меркур најинтензивно ќе се одрази на полето на врските. Оние кои се веќ во врска  може да очекуваат недоразбирања со партнерот. Од друга страна, оние кои се „сингл“ може да го очекуваат враќањето на поранешните љубови. Сигурно е дека оние кои некогаш сте ги сакале и оние кои продолжиле да ве сакаат се некаде во близина. Тие само чекаат повторно да се појават во вашиот живот, но дали и вие сте подготвени за тоа?

Скорпија
Оваа „ретроградност“ кај Скорпијата претставува многу емотивен транзит и можете да очекувате да се справите со минати врски, проекти и работи од кои никогаш не сте се откажале целосно. Иако сеќавањето на поранешните љубови и соработници ќе биде многу бурно, обидете се да го сфатите како можност конечно да ставите крај на некои недовршени „проекти“ од минатото.

Риба
Кога станува збор за Рибите кои се во врска, во овој период постои нерамнотежа и на нив останува повторно да го пронајдат балансот и разбирањето со партнерот (многумина и навистина ќе успеат во тоа). Ова главно се однесува на тоа колку еден од партнерите „вложува“ во врската – дали и двајцата сте искрени, отворени? Ако не, сега е време да разговарате за работите и да најдете решение. Доколку не успеете во тоа, можеби ќе сакате да раскинете и да дозволите сепак, „духовите“ од минатото да ви се вратат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.