Раковите се кукавици, лавовите се егоисти, а биковите се мрзеливи материјалисти: Ова се најлошите особини на секој хороскопски знак!

Астролог открива

Еве што вели астрологијата за најлошите особини на секој хороскопски знак

Овенот отворено им покажува на луѓето дека не ги сака и дека не му се симпатични. Ова е знак што реагира на прва топка, импулсивно и тврдоглаво се држи до своите ставови, колку и да се погрешни. Тој не признава аргументи, туку слепо се држи до своите врежани ставови.

Бик

Бикот е тврдоглав и не сака никој да му кажува што може да промени за да го подобри својот живот. Тие се познати сезнајковци, за сè знаат најдобро, а една од нивните најлоши особини е мрзеливоста. Покрај тоа, тие се материјалисти. Сакаат да живеат удобно но со малку труд, па често знаат да ги користат сите средства за да дојдат до богатство.

Близнаци

Близнаците сè почнуваат да работат со голема радост и ентузијазам, но тоа не ги држи долго, па многу брзо се откажуваат. Немаат многу верба во себе и во своите способности. Доволно им е некој да каже само една лоша реченица и тие веќе се откажале од своите планови. Овој хороскопски знак многу се плаши од досада и постојано бара нешто да се занимава. И така во круг.

Рак

На Ракот најголема пречка му се јаките емоции. Не ја гледаат поведрата страна на животот, туку во сè гледаат нешто лошо и непоправливо. Песимисти се и често го менуваат расположението, во сè се сомневаат и не им веруваат на луѓето. Со нив треба да бидете многу внимателни за да не им ги повредите чувствата.

Лав

Лавот е арогантен егоист. Во сè мора да биде главен и во центарот на вниманието, а ако тоа не е така, станува љубоморен. Лавовите сè мора да добијат веднаш и сега и многу е тешко да ги уверите да направат нешто поинаку од тоа што го замислиле.

Девица

Кај Девицата сè мора да биде совршено и ги бие глас дека се брутално и сурово искрени, што често им прави проблеми во животот. Но Девиците се такви: „што на ум, тоа на друм“. Не знаат да ласкаат и да се умилкуваат. Тешко се приспособуваат на промени и немаат добро мислење за луѓето што не размислуваат исто како нив.

Терезија

Терезиите се неодлучни и најтешко им е кога мораат да донесат некоја одлука. Тогаш им прават проблем и на сите околу себе, бидејќи се распрашуваат, бараат совети, разговараат со сите за проблемот. Терезиите мора да имаат силен мотив и некој што ќе ги мотивира, бидејќи многу брзо губат интерес.

Скорпија

Скорпиите се познати по тоа што секому му љубоморат: на роднините, на пријателите, на колегите и партнерите. Ги кријат своите планови и емоции и многу се мистериозни, сè со цел да манипулираат со другите.

Стрелец

Стрелецот честопати е претерано самоуверен, но знае да биде немарен кон обврските што ги извршува, а особено кон луѓето. Изгледа како луѓето да не му значат ништо. Склони се на тоа да го менуваат мислењето, па тоа се луѓе кои често менуваат училишта, занимање и работни места.

Јарец

Јарецот е многу срамежлив и најдобро се чувствува во кругот на луѓето што добро го познаваат. Тврдоглави се и песимистични, па затоа тешко наоѓаат внатрешна мотивација.

Водолија

Водолиите одат од крајност во крајност: или се рамнодушни или се тврдоглави во реализацијата на своите идеи. Поради тоа се непредвидливи и никогаш не очекувајте од нив да бидат доследни во своите ставови. Тоа често се менува кај нив.

Риби

Рибите бегаат од одговорности, тоа се луѓе што го игнорираат проблемот и се однесуваат како ноеви: ја забиваат главата во песок и се преправаат дека не постои проблем. Тоа е така затоа што се многу чувствителни и не сакаат да се соочат со реалноста.

Самоуништувачки особини: Како знаците на Зодијакот си штетат на себеси, дури и без да бидат свесни за тоа
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.