Запознајте го најемотивниот знак на Зодијакот: Месец на деликатниот Рак

Што им носи на припадниците на овој знак?

Познати како најголеми емотивци на Зодијакот, раковите се мошне деликатни и слоевити суштества. Бидејќи станува збор за воден знак, интуицијата им е најголем адут, по која често се раководат, па животот на еден рак е длабоко проткаен со емоции.

Речиси во сè се вклучуваат емотивно, без разлика дали станува збор за работа, пријателство или за емотивна врска. Свесни се за тој факт и неопходно е одредено време за да ја стекнете нивната доверба. Но кога еднаш ќе го постигнете тоа, засекогаш останувате во таа перцепција.

Бидете сигурни дека ракот едноставно ќе ве „присвои“ и ќе станете член на неговото семејство.

Раковите се заштитнички настроени и никогаш нема да се двоумат во случај да е потребна помош – во тие ситуации покажуваат голема сила. Меѓутоа, знаеме дека водата памети, па ако еднаш го изневерите, сигурно и брзо ќе ве отстрани од својот живот, засекогаш.

Припадниците на овој знак се исклучително свртени кон семејството, кое секогаш им е на првото место. И никогаш нема да дозволат нивното семејство да страда поради нешто.

Речиси нема припадник на овој знак што не мечтае на млади години за покрив над главата и вредно работи да го оствари тоа. Како емотивни партнери се мошне пожртвувани, ги привлекуваат амбициозни и стабилни личности, со кои имаат исти или слични ставови.

На прво место им се лојалноста и сигурноста, па ако отсуствуваат, ракот е сигурен дека таа релација нема перспектива. Кога станува збор за занимањата, често се наоѓаат во медицината, кулинарството, земјоделството…

Чувствителна точка им е стомакот, а склони се на осцилации на телесната тежина, како и на промени на расположението на дневно ниво.

ШТО ИМ НОСИ МЕСЕЦОВ НА РАКОВИТЕ?

Ќе ја преземете иницијативата во колективот – и соработниците со задоволство ќе се потпираат на вас. Ќе добиете заслуги за вложениот труд. Можна е финансиска добивка. Ако сте во врска, партнерот ќе страда поради вашата посветеност на работата. Слободните ќе почнат романса со пријател. Витални сте.

Текст: Хелена Цупаќ

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.