Дознајте сè за жените родени во знакот Рак

Тие се нежни и посветени!

Дознајте кои се силните страни, слабостите, но и физичките карактеристики на жените родени во знакот Рак

Атрактивни црти на лицето, длабок поглед, мал нос, полни усни, широка насмевка и силна изразена вилица се некои од карактеристиките по кои веднаш би ја препознале жената Рак. Имаат посветла боја на тенот и најчесто имаат светла коса. Тие во просек се високи, имаат долги и тенки раце и нозе. Нивни главни физички карактеристики се тенок струк, широки колкови и изразени бутови.

Жената родена во знакот Рак е многу посилна и посамоуверена одошто изгледа. Сите емоции ги чувствува дупло поинтензивно од другите луѓе. Способна е да ви предизвика лавина од чувства. Бескрајно е посветено, а единственото нешто што го очекува за возврат е да биде безусловно сакана.

Таа е мистериозна и привлечна. Креативна, фасцинантна и непредвидлива. Дава сè од себе кога е сигурна во љубовта на партнерот. Понекогаш е детинеста и незрела, а понекогаш е премногу сериозна и меланхолична, успева само во еден момент да искаже повеќе различни емоции. Таа е еротична и страна, но премногу е срамежлива за да го направи првиот чекор, бидејќи се плаши да излезе од својата лушпа.

Жената Рак најдобро и најсигурно се чувствува дома, а нејзиното семејство е нешто свето. Припадничките на овој знак сакаат мирен и стабилен семеен живот, а верноста и лојалноста се најважните особини што ги бараат кај партнерот.

Жената Рак неизмерно ужива во заведувањето и во сексуалните фантазии. За неа, сексот е танц со партнерот за кого сака да се приврзе емоционално. Тие покрај себе сакаат маж кој е доминантен и подготвен на сè, со цел нивната врска да биде подеднакво емотивна и страсна како и првиот ден.

Припадничките на овој знак важат за внимателни и верни пријатели. Жената Рак е единствената која ќе се погрижи сите безбедно да се вратат дома по лудата ноќна забава и секогаш се јавува за да провери дали сите се добри. Ако ви треба некој за да ве утеши, жените родени во овој знак се одлично рамо за плачење и секогаш знаат како да ги смират луѓето околу себе.

Во работата секогаш играат на сигурно и одлично им оди во долгорочните проекти кои бараат посветена работа и труд.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време