Почна владеењето на Водолијата, период на најголеми промени: Еве што го чека секој знак!

Период на најсилни енергии

Близнаците не смеат да ја пропуштат шансата што ќе им се пружи овој период

На 21 јануари влеговме во владеењето на Водолијата, а еве што ќе му денес периодот до 19 февруари на секој знак…

Овен

Време е да поработите на социјалниот живот. Дружете се со пријателите, зајакнете ги пријателските врски. Време е да блеснете и потполно да уживате!

Бик

Што сакате, Бикови? Универзумот е подготвен да ви даде се’ што ќе посакате во овој период. Само мора да сфатите што навистина сакате. Ќе остварите се’ со помош на моќната енергија на Водолијата.

Близнаци

Сето знаење што сте го стекнале изминативе години ќе стане уште подобро и посилно. Ќе имате можност да го споделите со другите преку тренинзи и јавни говори. Немојте да ја пропуштите оваа шанса – може и да заработите.

Рак

За време на владеењето на Водолијата, мора да им дозволите на другите луѓе подобро да ве запознаат. Со помош на пријателите, ќе ви се отворат нови видици. Покажете ја вашата добра страна – не ви е лесно да се отворите, но навистина ќе вреди.

Лав

Февруари ќе биде месец за тестирање на вашите љубовни и партнерски вештини. Внимателно работете на вашата врска. Ако сакате да ја задржите, мора многу повеќе да и’ се посветите.

Девица

Љубовта кон себеси ќе ви биде приоритет во текот на овој период. За да станете подобри, мора прво целосно да се прифатите себеси. Умот конечно ќе ви се смири и ќе научите да се сакате себеси безусловно, што во овој момент ви е неопходно.

Терезија

Не престанувајте да создавате! Вашата креативност е на врвот овој период, па ова е одлично време за да го реновирате станот или да смислите некој нов, голем проект, кој ќе биде многу успешен. Правете го она што ве исполнува и што ве прави подобра личност.

Скорпија

Смирете се и опуштете се. Начинот на кој се справувате со емоциите ќе се промени во согласност со промените на начинот на размислување. Ќе бидете пообјективни во донесувањето одлуки, што за вас ќе биде многу добро.

Стрелец

За време на владеењето на Водолијата ќе имате големи шанси да ја најдете љубовта на вашиот живот. Ќе го привлекувате спротивниот пол со вашата силна енергија, а енергијата на Водолијата дополнително ќе ви помогне во тоа.

Јарец

Вашата цел овој период е да заработите повеќе пари. Имате големи шанси да успеете во тоа, само бидете самоуверени и полека движете се кон остварувањето на своите планови.

Водолија

Сонцето во вашиот знак ви гарантира успех. Уживајте и фокусирајте се на она што ве прави среќни, а се’ останато самото ќе си дојде.

Риби

Време е да се посветите на детално истражување на вашата личност. Мора да одлучите какви луѓе и каква работа ви одговараат. Време е да се ослободите од сето она што ве спречува и оптоварува.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.