Овие два хороскопски знаци имаат најмногу среќа во животот!

Секогаш се на вистинското место во вистинското време

Во продолжение дознајте кои се двата хороскопски знаци кои што имаат најмногу среќа во животот.

Стрелец

Стрелецот е знак на среќа, веселба, егзотика, сака храна, патувања, музика, се бори против неправда, владее со човековите права, пријателсвото му е императив и од него црпи енергија. Стрелецот има млад дух, убав естетски изглед, спортска градба, сака племенити спортови, па тенисот му е еден од омилените. Тој е отмен, аристократ, понекогаш и бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак оди по својот пат. Стрелецот е свештеник, астролог, пророк. Големите награди, медаљи, воени заслуги произлегуваат од силниот Јупитер. За да бидете првак или победник во некој спорт мора да имате силен Јупитер во наталната карта. Стрелецот не е едноставен за соработка, знае да биде строг. Тој исто така казнува, но тоа е повеќе непријатно отколку трагично. Има големи животни апетити и ги остварува. Типични ѕвезди припадници на овој знак се Френк Синатра или Тина Тарнер, кои постигнале успех кој трае.

Близнаци

Тие се секогаш на вистинското место во вистинското време. Зборлести се, умеат да го забавуваат цело друштво и луѓето едноставно ги обожуваат. Од секоја ситуација се вадат преку својот шарм. Манипулативни се, па многу лесно и се вовлекуваат на луѓето под кожа. Близнаците се ведри и оптимистични луѓе кои имаат потреба секогаш покрај нив нешто да се случува. Не поднесуваат монотонија и досада, а во нивната глава секогаш се присутни многубројни идеи кои честопати не стигнуваат да ги реализираат. Исклучително се дружељубиви и забавни, а комуникацијата со околината и разменувањето на идеи за нив е потреба. Снаодливи се и сестрани, па поради тоа одлично се снаоѓаат во различни области. Понекогаш знаат да бидат површни, па за нив не може да се каже дека се луѓе од доверба. Имаат две различни страни на личноста и никогаш нема да знаете сон која од нив зборувате. Со нив никогаш не е здодевно.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време