Овенот се однесува како мајмун, Рибата е подвижна катастрофа, Скорпијата го труе целиот свет: Астрологија без милост!

Дали препознавте некого?

Фото: Getty Images

Валканата вистина за секој хороскопски знак

Сите љубители на астрологијата го обожаваат позитивниот дел кога се опишуваат добрите страни на секој хороскопски знак, но секој човек има и мани, па овој текст се фокусира токму на тоа. И тоа на брутален начин!

Овен

Практично, Овенот се однесува како мајмун. Импулсивен, неретко агресивен и многу бучен лик. На карактерот на Овенот му недостига длабочина, поради што многумина мислат дека само се фолира пред другите. Многумина сакаат да дознаат што се врти во вашата глава, но најчесто, вистината е дека во неа всушност нема ништо. Вашата способност да ги поедноставите работите е неверојатна, но тоа не го правите за да им олесните на другите, туку за да си олесните себеси. Но тој недостиг на длабочина и разбирање ве прави наивни. Можеби дури и глупави.

Бик

Вие не сте ништо повеќе од здодевен ситничар. Најлошо е тоа што сте најтврдоглавата личност на планетата. Парите ви се една од најважните работи во животот, и тоа воопшто не им се допаѓа на луѓето околу вас.

Близнаци

Вие имате нарушување на дефицит на внимание. Одрекувајте колку сакате, но вашата главна карактеристика е апсолутната неспособност да се фокусирате на нешто и да се смирите. Низ главата постојано ви поминуваат силни и нереални мисли. Не сте во состојба ни да ги запомните сите. Експерти сте за правење хаос и внесување немир каде и да се појавите. Вашите блиски луѓе поголемиот дел од времето ве сметаат за неподносливи.

Рак

Колку години и да имате, вие никогаш нема да пораснете, останувате вечно дете. Воопшто не знаете да ги контролирате емоциите. Целиот живот ви е склоп од нервни сломови кои се случуваат еден по друг. Затоа, блиските луѓе ве сметаат за хистерични. Освен тоа, многу сте себични. Толку сте напорни што животот со вас е вистинска ноќна мора!

Лав

Не постои поголемо самољубие од она на Лавовите. Тие постојано се опседнати со себеси и со привлекувањето туѓо внимание. Дали навистина мислите дека сте посебни и вредни за обожавање и внимание повеќе од другите? Лавовите исто така се многу ситничави и скржави. Можат по цели денови да размислуваат за себе. Одлично знаат да ги понижат сите околу себе, а воопшто не можат да ги забележат своите мани.

Девица

На Девиците постојано им ѕвони некаков аларм, кој ја покренува нивната потреба да контролираат сè. Покрај тоа, мислат дека целиот свет им должи нешто. Девиците обожаваат да им помагаат на другите, но зад тој лажен алтруизам се крие нарцизам. Девиците им помагаат на другите само за подоцна да им раскажуваат на сите колку се грижливи и одговорни и како сите можат да се потпрат на нив.

Терезија

Многу психопати се раѓаат во знакот Терезија. Тие ни самите не знаат какви нови барања и планови ќе им паднат на памет за еден час. Невозможно е да се задоволи Терезија. Таа, исто така, е и експерт за манипулација. Постојано ја проучува својата околина. Некогаш се чини дека е повеќе робот одошто човек – Терезиите како да се програмирани да ги кажуваат вистинските работи во вистинско време на вистинските луѓе. Па сепак, таа интелигенција е само маска која ја крие нивната внатрешна празнина.

Скорпија

Вие сте ситничаво и одмаздољубиво чудовиште. Своите сомнежи во себе, Скорпијата прво ги проектира на сите околу себе, а прво „удира“ на своите најблиски. Како да уживате да го гледате туѓото страдање, бидејќи убедени сте дека луѓето го заслужиле тоа страдање. Во состојба сте да го затруете секого со кого комуницирате.

Стрелец

Луѓето ве сметаат за интелигентни, но најчесто тоа не е вистина. Вие само ги повторувате идеите и мислите на другите мудри луѓе и полни сте со паметни изреки. Постојано ви е здодевно, во секоја ситуација, на секое работно место и не знаете како да го сокриете тоа. Мислите постојано ви се оптоварени со тоа што мислат другите за вас. Од друга страна, Стрелецот е одличен шеф – воопшто не му е гајле за другите, мисли дека сите околу него се обични смртници и воопшто не се грижи дали го сакаат другите луѓе.

Јарец

Тие се најдобрите шпиони на светот и подготвени се на сè за да ја постигнат својата цел. Не се грижат за никого освен за себе. Подготвени сте да газите и преку лешови за да го добиете тоа што го сакате. Себични сте и опседнати со својата општествена положба. Дури и креативноста за вас е само начин да станете популарни.

Водолија

Се сметате за премногу обични, па постојано ги шокирате луѓето, обидувајќи се да ја докажете својата единственост. Толку сте опседнати со вашата самостојност што на крајот останувате потполно сами. Верувате дека никој не може да ја разбере вашата суптилна, креативна природа. Мислите дека не ви треба ужасниот свет во кој живеете и неговите жители кога имате толку богат и убав внатрешен свет. Тоа доведува до осаменост.

Риби

Постојано зборуваат дека не поднесуваат сцени, а всушност тие се експертите за драма. Целиот живот на една Риба е постојана несреќа и драма. Вашата неспособност да се заземете за себе ви го претвора животот во хаос, а вашата завист ве прави тотални губитници. Постојано се жалите, а не правите ништо за да промените нешто. Несреќни сте и ги правите несреќни сите околу себе.

Три хороскопски знаци со несоодветна самодоверба
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.