Среќен роденден! Запознајте го ОВЕНОТ во себе

Астролошки толкувања

Фото: Pixabay

Овните се искрени и отворени луѓе, кои не се плашат да го искажат своето мислење, па дури и кога е попаметно да го задржат за себе. Околината ги почитува токму поради искреноста.

Многу сте темпераментни, стабилни, амбициозни и самосвесни. Имате јасна визија на својата иднина, па никогаш не се откажувате од поставените цели, а пречките на тој пат не ги доживувате како порази, туку како предизвици. Изразени ви се менаџерските способности, па организирањето на работата е ваш голем талент.

Како шеф сте строги, но исто така и праведни. За вас нема нерепливи задачи и несовладливи пречки. Понекогаш знаете да бидете нетрпеливи. Но тоа се кратки и минливи фази, по кои набрзо се враќате во рамнотежа. Во љубовта сте му цврста поткрепа на партнерот, не сте склони на романси, напротив, поборник сте на долги и стабилни врски. Настојувате на партнерот да му покажете љубов и сигурност.

Фото: Pixabay

Оној што сака да ве освои мора да ви дозволи барем да верувате во тоа дека сте главни во врската, но и да ви се додвори со внимание. Не „паѓате“ на подароци. Умеете да го разделите материјалното од емотивното, иако статистички ви одговараат врски со колеги од струката, со кои амбицијата ви е заедничка.

Всушност, најлесно се вљубувате во амбициозни личности. Талентирани сте за спорт, одличен предводник сте, но и член на тимот.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.