Ова се знаците со најсилна интуиција: Не обидувајте се да сокриете ништо од нив!

Штом ве погледнат - јасно им е сè!

Секој од нас понекогаш се потпира на „внатрешниот глас“. Но, постојат знаци од Зодијакот кои почесто се потпираат на интуицијата и, како што тврдат астролозите, тоа не го прават без причина.

1. Скорпија
Доколку сте родени под овој воден знак, вие лесно „читате луѓе“. Малкумина ќе се осмелат да не ја зборуваат вистината пред вас; кој еднаш се „изгорел“ на тој терен, научил лекција за сите времиња и тоа на тежок и непријатен начин. Скорпија не само што не се двоуми директно да им даде до знаење на другите дека лажат кога „тоа го чувствува во стомакот“, туку и не се откажува од одмаздата за обидот за измама.

2. Риби
Кога сите нешта се во хаос, Рибите се тие кои ќе останат смирени бидејќи нивната интуиција им покажува дека работите сепак ќе успеат. Тие се големи мистични сонувачи кои се многу поврзани со своите внатрешни чувства.

3. Рак
Раковите ги чувствуваат сите работи многу длабоко. Иако не се свесни секогаш што точно да направат, чувствуваат кога нешто не е во ред. Тие се управувани од месечината и таа има огромно влијание на нив. Кога сте пријатели или во врска со еден Рак, тие секогаш знаат како се чувствувате и веројатно сте забележале како често ви даваат поддршка и кога нема да го побарате тоа од нив.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.