ОВА се вашите најголеми љубовни стравови според хороскопскиот знак!

Дали се пронајдовте?

Фото: Pexels

Овен

Личностите родени во овој знак се навистина страсни по природа. Кога се поврзуваат со некого, ја вложуваат сета страст и затоа нивниот најголем страв е да не им биде возвратена страста со истиот интензитет од страна на партнерот. Тие тешко се приврзуваат за некого, но кога ќе одлучат да го направат тоа речиси е невозможно да бидат одвратени од нивната замисла. Никогаш не сакаат да бидат тие кои ќе ја раскинат врската и тоа е причината поради која се плашат да се заљубат.

Бик

Кога ќе се заљубат, Биковите максимално се фокусираат на партнерот за кого сметаат дека е вистинската личност. Сепак, тие се многу независни и се насочени кон напредок во кариерата, па сакаат нештата да бидат подредени на систематски начин. Помислата дека се потпираат на некого само поради чувства, ги ужаснува. Нивниот најголем страв од вљубување е тоа што мислат дека љубовта ќе им го промени начинот на живеење, нивните навики, како и нив самите. Ова не е нешто за кое тие се сосема подготвени.

Близнаци

Луѓето кои му припаѓаат на овој знак го минат целиот свој живот обидувајќи се да сфатат како полесно да се вклопат во средината каде живеат. Нивниот ум постојано е исполнет со мисли. Тие се непредвидливи по природа и затоа се плашат да се заљубат бидејќи постојано размислуваат дали партнерот ќе им одговара или не. Покрај тоа, тие се прилично нерешителни и не знаат како да постапуваат кога се во близина на партнерот.

Рак

Ова е убедливо најромантичниот хороскопски знак. Раковите како да се скроени за долги врски. Тие се посветени, внимателни, имагинативни, лојални, пријателски настроени; ако стапите во брак со Рак, единствените кавги што ќе ги имате ќе бидат од типот што сакате да вечерате и најверојатно на крајот тие ќе се согласат со вас. Од друга страна, тие се многу несигурни во себе и се плашат дека партнерот не е доволно среќен покрај нив. Нивниот најголем страв при вљубување е партнерот да не им возврати подеднакво на нивните чувства.

Лав

Лавовите се доста горди на себе и ја ценат својата рационалност повеќе од сè друго. Имаат високо мислење за себе, па така имаат и високи очекувања од партнерот. Тие мислат дека партнерот можеби не е доволно добар за нив или дека нема да може да ги задоволи нивните емоционални потреби. Затоа се претпазливи кога станува збор за љубовта. Се плашат да се заљубат затоа што сметаат дека партнерот нема да ги цени доволно.

Девица

Најголемата сила на луѓето што му припаѓаат на овој знак е и нивната најголема слабост – способноста да го видат најдоброто во луѓето околу нив. Како резултат на тоа, тие се плашат да се заљубат поради стравот од можно предавство. Тие се перфекционисти по природа и им дозволуваат на луѓето да ги гледаат само совршените работи и сметаат дека ако му дозволат некому да влезе во нивниот живот тие ќе бидат ранливи. Се плашат дека партнерот нема да може да ги исполни нивните високи очекувања.

Терезија

Луѓето родени во овој знак се премногу свесни за своите недостатоци и грешки. Тие знаат дека не се совршени и токму ова е нивниот најголем страв: да ги покажат своите маани на личноста што ја сакаат и да предизвикаат разочарување. Тие се романтични и родени миротворци. Прават компромиси со другите и се плашат да го покажат своето вистинско јас, своите негативни и обични особини.

Скорпија

Тие се едни од највнимателните и најпромислените личности кои ќе ги сретнете во животот. Можат многу брзо и прецизно да ги забележат недостатоците на другите. Токму тоа е и нивниот најголем страв од љубовта: знаат дека ако се заљубат во некого постои можност подоцна да наидат на некоја особина на партнерот што нема да им се допадне.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак се немирни по душа и номадски настроени, дури и кога се во прашање романтичните врски. Немаат страв од никого, напротив, партнерот е тој што треба да се плаши од нив. За нив сè претставува авантура, а нивната љубопитна природа е таа што ги прави да се плашат од посветеноста во врската. Тие се искрени и бараат придружник, отколку сродна душа. Се плашат да се заљубат затоа што сметаат дека тоа би било паѓање во стапица.

Јарец

Јарецот е најдисциплинираниот хороскопски знак. Луѓето што му припаѓаат на овој знак се лојални по природа, а тоа понекогаш може да им наштети. Дури и кога се свесни дека работите не функционираат, од лојалност кон партнерот нема да се осмелат да направат промена во животот. Тие не сакаат да се оддалечат од нивниот дисциплиниран живот, па сметаат дека тоа ќе се случи доколку им се препуштат на емоциите, затоа и се плашат да се заљубат.

Водолија

Водолиите имаат големи очекувања од себе, а исто така се и премногу горди на себе. Сепак, постојано се плашат дека ќе го разочараат партнерот и дека нема да добијат негово одобрение. Тие се осаменици по природа, но тоа им годи бидејќи уживаат кога се сами со себе. Се плашат да се заљубат бидејќи сметаат дека на тој начин би била компромитирана нивната индивидуалност.

Риби

Луѓето родени во овој знак се карактеризираат по големата самоконтрола. Се плашат од ранливоста што се јавува како резултат на споделување на нивните најдлабоки и најмрачни тајни со партнерот. Тие се чувствителни по природа па затоа стравуваат дека ќе бидат искористени од страна на личноста што ја сакаат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.