Ова се најбаксузните датуми во втората половина од 2021 година: Бидете внимателни, ѕвездите не се на ваша страна!

Астролозите предупредуваат

Овие денови најдобро би било да не излегувате од дома и да не правите ништо

Астролозите откриваат дека до крајот на годината ќе има дури 5 датуми што нема да бидат поволни за нас. Овие денови најдобро би било да не правите ништо и да не планирате големи настани, бидејќи сè би можело да тргне наопаку. Еве за кои датуми станува збор…

27 април

Ова е ден на црвена месечина. На овој ден, нема само полна, туку и супермесечина која се приближува до Земјата на минимална оддалеченост и невербалните несогласувања можат да прераснат во насилство. Сите проекти започнати на овој ден ќе бидат осудени на неуспех. Особено опасни се негативните мисли, најмногу за оние со почувствителна психа.

26 мај

Помрачувањето на месечината ќе донесе пораст на криминалот. Внимавајте да не ве измамат доколку влегувате во ризични бизниси. Постои висок ризик од кражби, а последиците од ова помрачување ќе се отстранат во наредните три месеци. Не бидете злопамтило, инаку ќе си создадете нови непријатели.

10 јуни

Прстенесто помрачување на сонцето. Најголемиот непријател на човекот овој ден е неговиот страв. Држете ги вашите емоции под контрола и во никој случај не влегувајте во отворени конфликти. Последиците од погрешните постапки ќе ги чувствувате во наредните пет години.

19 ноември

Нецелосното помрачување на месечината негативно ќе влијае врз личните односи. Одбегнувајте караници на овој ден. Агресијата и расправиите може да ја уништат врската со партнерот, без надеж дека некогаш ќе се смирите.

4 декември

Најопасниот ден во 2021 година. Потполното помрачување на Сонцето ќе предизвика штетни последици за сите. Последиците од проблемите овој период ќе ги чувствувате во наредните четири години. На овој ден подобро е воопшто да не контактирате со никого, земете слободен ден и поминете време сами, читајќи книга.

На 26 април ни пристигнува розова супермесечина: На еден хороскопски знак од овој ден сè ќе му тргне на подобро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.