Нумеролошка прогноза за 2021 година: Еве какви изненадувања нѐ очекуваат и кога ќе биде подобро!

Пристигнуваат убави вести

Треба да ги прифатиме околностите и да продолжиме понатаму со нови идеи

Доколку ги собереме броевите 2, 0, 2 и 1, збирот изнесува 5, што во нумерологијата упатува на слобода. Ова се убави вести, со оглед на тоа што претходната година ги измести нашите животи, внесе промени во секојдневјето, па со нетрпение чекавме да заврши. Новата носи почеток и влева надеж дека ситуацијата ќе се промени на подобро. Па затоа, сега е вистинскиот момент да се позанимаваме со предвидувања, а познато ни е дека броевите од 1 до 9 можат да ни помогнат во тоа.

Бројот 5 што го споменавме во воведот, се поврзува со вишокот, но во позитивна смисла – вишок слобода, ризик, авантура… За разлика од претходните 12 месеци, повеќе ќе уживаме, ќе се забавуваме и ќе се дружиме, меѓутоа промените ќе течат постепено и со присуство на претпазливост.

Можеби се прашувате и какво е значењето на збирот на броевите 2, 0, 2 и 0 и дали можевме да го предвидиме неповолниот развој на настаните во текот на претходната година. Имено, бројот 4 претставува структура, но овој пат бевме сведоци на нејзиното рушење.

Па затоа, се наметнува дилемата како да се прифати слободата по периодот на неизвесност, а одговорот е едноставен: треба да се прифатат околностите и да се продолжи понатаму со нови идеи. Непознатото ќе стане новото нормално, но тоа може да нѐ одведе и во позитивна насока.

Венера во Јарец: Најромантичните денови во јануари
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.