Ни претстои најмоќниот астро-период во годината: Помрачувањето на месечината ќе им го искомплицира животот на овие знаци!

Астрологија

На 30 ноември ќе се случи помрачување на месечината и еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак

Многу луѓе ќе бидат склони на конфликти и кризи за време на овој астро-период. Од друга страна, ова помрачување на месечината би требало да ги расчисти сите двоумења што сте ги имале претходната година, а насобраното незадоволство ќе исчезне.

Најмногу ќе влијае врз Раковите, Јарците, Близнаците, Стрелците, Рибите и Девиците. Многу луѓе сега можно е да доживеат голем стрес, несигурност и напнатост, па треба да бидат повнимателни.

Ова помрачување може многумина да ги врати во минатото и да ги натера на длабоко размислување. Многу тајни ќе испливаат на површината. Овој период ќе ве поттикне на размислување, планирање и идеи кои би можеле да бидат насочени кон следната година. Многу луѓе можно е да почувствуваат промени на љубовен план, на полето на финансии и пријателство.

Секако, периодов треба да бидете внимателни во комуникацијата и да се водите според поговорката: „Три пати мери, еднаш сечи“.

Еве како помрачувањето на месечината ќе влијае врз секој хороскопски знак…

Овен

Овните мора да внимаваат на комуникацијата со пријателите, семејството и колегите. Добро размислете пред да изговорите нешто, бидејќи можете да бидете погрешно протолкувани. Одбегнувајте го секој можен конфликт и внимавајте да не навредите некого. Можни се проблеми во врската или во бракот. Почнува да се покажува незадоволството во љубовниот живот, кое веќе долго време се обидувате да го скриете.

Бик

Биковите ќе почувствуваат големи промени на полето на финансии. Иако уживате во луксуз, сега не е време за тоа. Време е да почнете да штедите. Кога станува збор за работата, реално согледајте ја ситуацијата и не повлекувајте ризични потези. Доколку планирате да стекнувате нови вештини, сега е вистинското време за дополнително школување, запишување некој курс и стекнување знаење.

Близнаци

Ова помрачување за вас ќе биде како некој животен пресврт. Доколку планирате да постигнете некои големи работи или веќе долго време одложувате некои планови, сега е вистинскиот момент да ги реализирате. Можни се поголеми промени и во однос на физичкиот изглед. Доколку планирате диета, сега е идеалното време, бидејќи ѕвездите се на ваша страна.

Рак

Ова помрачување за Раковите се случува во дванаесеттото поле кое се однесува на потсвеста, духовното учење и тајните. Многу Ракови сега можат да разоткријат и да спознаат некои нови работи. Сфаќате каде сте згрешиле и вртите нов лист. Можно е да дознаете некои тајни на партнерот или на блиски луѓе кои ќе ве изненадат.

Лав

Кај Лавовите, овој астро-период може да се одрази на духовниот живот. Многу Лавови се насочени кон нивните желби, планови, пријатели, цели, а овој период е одличен за постигнување нови успеси. Доколку се потрудите, по помрачувањето на Месечината, сè би можело да ви тргне во нагорна линија.

Девица

Ова помрачување силно ќе влијае врз вас, па немојте да се изненадите ако почнат да ви се случуваат разни промени во кариерата. Можно е да го промените работното место. Условите што моментално ги имате на сегашното работно место не ви се по волја, па добро би било да почнете да размислувате за промена. Ѕвездите ви се наклонети, па нема да ви биде тешко да најдете работа со подобри услови.

Терезија

Кај Терезијата ќе се разбудат многу желби. Ќе бидете подготвени за нови предизвици, а ѕвездите ќе ве поддржат во тоа. Сè што ќе наумите, тоа и ќе го остварите. Односите со блиските луѓе можно е да бидат ставени на тест. Може да се случи некој од вашето опкружување да ве издаде и да го покаже своето вистинско лице. Внимавајте кому му се доверувате.

Скорпија

Со оглед на тоа што овој астро-период се случува во вашата осма куќа, ќе ви донесе големи промени. Подгответе се за пресврти, раскинувања и неочекувани настани, но сето тоа е составен дел од новото поглавје што ве очекува. Ништо ново не може да биде покренато, доколку не ставите точка на минатото, запомнете го тоа. Можно е да бидете малку понервозни.

Стрелец

На вас ова помрачување ќе влијае само позитивно. Ќе бидете расположени и полни со енергија. Можно е да запознаете личност од спротивниот пол која особено ќе ви се допадне и ќе ве заинтересира. Доколку дадете сè од себе, постои голема веројатност дека животот потполно ќе ви се промени на подобро.

Јарец

Силни промени ќе почувствувате неколку дена пред и после помрачувањето. Можно е околностите да ве наведат да го смените работното место. Ставате точка на сето она што ве мачело во минатото и тргнувате понатаму. Ова е добар период за вас.

Водолија

Кај вас, ова помрачување се случува во вашето петто поле, што може да ви донесе промени со децата, во љубовта, со браќата и сестрите. Треба да промените некои навики доколку сакате подобра иднина.

Риби

Внимавајте пред да кажете нешто, добро размислете за да не повредите некого. Одбегнувајте конфликти. Ова помрачување ќе донесе мали проблеми на љубовен план. Доколку му замерувате на партнерот за нешто, кажете му го тоа, за да одбегнете поголеми конфликти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.