Ни претстои моќен астро-период: Младата месечина во Овен ќе им го промени животот на овие знаци!

Астро-прогноза

Младата месечина носи позитивна енергија и големи можности за успех

Млада месечина во знакот Овен нè очекува од 12 април и ни носи моќна енергија за манифестација на желбите, креирање намери и нови почетоци.

Овенот е првиот хороскопски знак, а младата месечина претставува почеток на нов лунарен циклус. Оваа здружена енергија во нашите животи испраќа бран на позитивна енергија, повикувајќи нè да започнеме ново поглавје и да ги оствариме нашите долго скриени желби.

Ни претстои период на големи промени, но и на големи можности, што треба паметно да ги искористиме. Ѕвездите ќе ни бидат наклонети, а понатаму сè зависи од нашите дејства и потези. Сега е добар момент да почнете да го реализирате сето тоа што долго сте го планирале. Овој астро-период ќе ви помогне да остварите успеси на сите полиња, а особено на професионален план.

Периодот на млада месечина носи огнена енергија, страст, придвижување напред и им дозволува на нашите желби да нè водат напред, а не на нашите стравови. Особено моќно ќе дејствува на Овните, Раковите и Водолиите.

Овие три хороскопски знаци ќе успеат да остварат сè што си замислиле, без многу вложување труд. На Овните ќе им се отворат нови деловни можности, додека на Раковите и Водолиите ќе им цутат рози на љубовен план. Сите слободно припадници на овие два знака ќе имаат можност да запознаат личност што ќе ги заинтересира.

Кои хороскопски знаци најчесто паничат кога работите ќе тргнат наопаку?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.