НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот од 26 септември до 1 октомрви

Астро-прогноза

Фото: Pexels

Близнаците ќе почувствуваат љубомора во врската, терезиите се обидуваат да ја задржат контролата, во врските на стрелците владее хармонија.

ОВЕН

Емотивните партнери добро ќе се разбираат. Слободните ќе се смират со бившиот партнер. Немате време за губење на работа, сè ќе биде забрзано, а на крајот профитабилно. Настинка.

БИК

Емотивниот партнер можеби ќе се почувствува занемарено. На слободните им се укажува можност да запознаат нов партнер. Во деловната сфера ќе постигнете добри резултати. Болка во грбот.

БЛИЗНАЦИ

Во врските може да се почувствува мала љубомора. Слободните спонтано ќе пронајдат нов партнер. Овој месец ќе ви донесе нови деловни можности, кои пријатно ќе ве изненадат. Несоница.

РАК

Партнерите можат да имаат различни желби, но нема да се караат поради тоа. Слободните ги очекува познанство преку заеднички пријател. Многу нови деловни ситуации ќе ве однесат до заработка. Проблеми со дишењето.

ЛАВ

Врските ќе бидат речиси беспрекорни. Слободните ќе имаат добри шанси кон крајот на месецот за убава романса. Обемот на работа ќе ви биде огромен, но и лавовската енергија за работа. Подобрете ја кондицијата.

ДЕВИЦА

Емотивните врски ќе блескаат со сиот сјај. Слободните ќе ја обноват старата врска. Деловните можности ќе ги искористите најдобро што можете. Можни се стоматолошки проблеми.

ТЕРЕЗИЈА

Ќе се обидувате да ја задржите контролата, но колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе изненадувања ќе имате. Ќе мора да импровизирате. Ако сте во врска или во брак, ќе летаат искри. Ако сте слободни, сега е одлично време да започнете нова романтична приказна. Стабилно.

СКОРПИЈА

Емотивните врски ќе станат турбулентни, но брзо ќе се вратат во рамнотежа. Слободните ќе имаат интересни познанства. Искористете ги ненадејните деловни шанси за брза заработка. Главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Во емотивните врски владее хармонија. Слободните ќе бидат нерешителни, бидејќи ќе имаат можност за избор. Ќе се обидете да дојдете до дополнителен профит преку дополнителна работа. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ

Во емотивните врски работите ќе се подобруваат, но со бавно темпо, што би можело да ве нервира. Слободните ќе имаат добри шанси за врска. Некои колеги ќе се обидат да ве компромитираат. Нервоза и стрес.

ВОДОЛИЈА

Врските се исполнети со убави мигови. На слободните им претстои убава романса. Профитот ќе го остварите преку креативна работа, како и преку работа врзана за патувања. Можни се алергии.

РИБИ

Во врските се можни помали проблеми, но во основа ќе владее хармонија. На слободните им претстои почеток на нова врска. На работа сè ќе ви оди од рака. Покачен притисок.

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.