Неделен хороскоп за периодот од 21.6. до 27.6.2021

Астро-прогноза

Овните прекумерно трошат, раковите се параноични, терезиите имаат лоша финансиска ситуација, а колегите зујат околу рибите

Прочитајте каква недела ве очекува и подгответе се за сите предизвици во неа!

ОВЕН

Во почеток на неделата ќе ви се натрупаат обврски. Тоа ќе ве загрижува. Но ако направите соодветна проценка, најважните задачи ќе ги завршите. Воздржете се од прекумерно трошење, бидејќи финансиската состојба ви е лоша. Нема потреба брзо да реагирате во љубовните ситуации. Се’ ќе биде добро ако сте трпеливи!

БИК

На прагот сте на мошне продуктивна недела, но сепак можете да налетате на мали пречки. Посветете им се на целите и настојувајте да ги постигнете. Станете сериозни и мислите нека не ви летаат во облаци. Време е за конкретна акција на љубовен план. Се додека плановите ви се практични, може да сметате на прогрес во односот со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Емоциите ве попречуваат во работата, па тешко ќе се концентрирате. Можеби не е време да ги вербализирате чувствата, но самото смирување ќе ви донесе мир. На љубовен план нештата се загреваат, страстите се распламтиле и никако да се смират. Ако ги избегнувате инстинктите, само ќе ја влошите ситуацијата.

РАК

Се чувствувате параноично. Како некој постојано да ве прогонува. Не дозволувајте им на другите да бијат шега на ваша сметка. Можно е да бидете нагласено осетливи и тоа да ја влоши ситуацијата. Прифатете дека и вие и партнерот сте луѓе склони на грешки. Не го потценувајте трудот што саканата личност го вложува во вашата врска.

ЛАВ

Некоја скорашна одлука ве прогонува, а резовите ги направивте по долго размислување. Вашите моментални избори не можат драстично да се сменат. Време е да преземете конкретни акции за зацврстување на вашата положба. Кога станува збор за љубовта, преземете иницијатива. Ќе сакате слободното време да го поминувате со саканите.

ДЕВИЦА

Уште еднаш пречки на патот кон успехот. Морате помалку да се двоумите и да стоите на вашите ставови. Најголема пречка ви е недоследноста во вашите желби. Решителноста ќе ве ослободи од фрустрации. Дозволете му на времето да преземе инцијатива за вас. Вашите романтични желби драматично ќе варираат. Не донесувајте избрзани одлуки. Полека и трпеливо!

ТЕРЕЗИЈА

Финансиската состојба ви е лоша. Ќе сакате да се повлечете во тишина за да размислите. Ако сте принудени да се декларирате, не си ги компромитирајте своите вредности. Кон крај на неделата партнерот ќе се обиде да ве побрза со некоја клучна финансиска одлука. Најдобро е внимателно да размислите.

СКОРПИЈА

Оваа недела ви носи големи искушенија! Пријателите нема да бидат расположени за вашите совети, бидејќи не ви ги побарале. Две личности ви го привлекуваат вниманието. Време е да одлучите која е потенцијална љубов за вас, а која само симпатија. Во спротивно, ќе останете сами.

СТРЕЛЕЦ

Работата ќе бара ваше стручно мислење. Вам ви е судено да бидете херој и успешно да ги надминете кризните моменти. Насочете се во насока на акциите и прагматично завршувајте една по една задача. Надредените нема да останат рамнодушни. Константно сте под стрес.

ЈАРЕЦ

Социјалниот живот ви се забревтува во почеток на неделата. Ќе бидете воодушевени од расплетот на нештата и од харизмата со која ќе зрачите. Ваша цел, како и секогаш, ќе биде користењето на личните контакти за унапредување на работата. Добри вести се дека ќе бидете во состојба да ја комбинирате работата со задоволството. Не одбивајте покани само затоа што ви звучат монотоно.

ВОДОЛИЈА

Во почеток на неделата ќе добиете помош од моќна личност. Но ќе се чувствувате несигурно и тешко ќе ги читате туѓите намери. Може да се воспостави дека единствена негативност е всушност вашата негативност. Со верување во себе и во сопствената интуиција, ќе му верувате и на партнерот. Сомнежот не смее да влезе во вашиот дом.

РИБИ

Колегите ќе зујат околу вас, бидејќи вашата иницијатива за можно решение на сериозен деловен проблем успеа. Чувајте се од лицемерни луѓе, бидејќи кон средина на неделата ќе слушнете гласини што ќе се шират за вас во колективот. Вашиот партнер може да ви даде корисни совети.

Хороскоп: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.